ФОТО: Принцезата во рацете на Дивац

Еуфоријата околу британската кралска свадба ја почувствувале дури и Сакраменти Кинг кои објавиле фотографија од Меган Маркл.

На неа мала навивачка позира со легендарниот српски кошаркар и актуелен менаер на Сакраменто Кингс, Владе Дивац. Тогаш Меган имала 12 години, а Дивац во тоа време играл за Лос Анелес Лејкерс.

14 години подоцна оваа фотографија а Дивац станала вредна за спомен.

Со оваа Јапонска техника потребно ви се само 5 минути за да се ослободите од стресот!

Додека одредена количина на стрес во нашите животи е нормална, па дури и неопходна, прекумерниот стрес може да се измеша со нормалните секојдневни активности и да заземе голем дел од нашиот личен живот и здравје.

Ве покануваме да пробате една античка јапонска техника на само – релаксација која нема да ви одземе повеќе од 5 минути, а може да ја направите било каде во секое време.

За да ја извежбате техниката, потребно е да разберете дека секој прст од вашата рака претставува различно чувство или став.

Палец – Помага во борбата против емоциите како вознемиреност и грижа.

Показалец – Може да ви помигне да го победите стравот.

Среден прст – Ви помага да ја контролирате лутината и незадоволството.

Прстен – Овој прст ќе ви помогне да се борите против депресија и тага и ќе ви помогне да бидете порешителни.

Мал прст – Ви помага да ја смирите вознемиреноста и да се зголеми оптимизмот и довербата.

За да ја усогласите енергијата на животот во телото, фатете го прстот со спротивната рака, завиткувајќи ги сите прсти и палецот околу неа. Држете го секој прст една до две минути. Ќе знаете дека функционира кога ќе осетите пулсирање.

За да го смирите вашиот ум, нанесувајте мал притисок во центарот на дланката со палецот на спротивната рака и држете го барем една минута.

Вежбајте ја оваа техника секој ден за да останете смирени и повторно да ја воспоставите рамнотежата во себе.

(ВИДЕО) Јапонец со месеци донцел 3 минути на работа, шефовите јавно се извинија

Рабтник (64) во канцеларија за водоснабдување од Кобе, Јапонија добил укор и парична казна затоа што во временски период од седум месеци 26 пати порано го напуштил своето работно место за да отиде на пауза за ручек.

Неговата „измама“ ја открил колегата, кога низ прозорецот на својата канцеларија го видел мажот како три минуи пред почетокот на договорената пауза за ручек излегува од компанијата и оди во блискиот ресторан, пишува Гардијан.

Тој го пријавил кај своите шефови кои веднаш одлучиле да спроведат вистинска тајна акција за да дознаат колку често тоа се селучувало.

Управата на канцеларијата за водоснабдување на вработениот од платата му одзелена половина од еден дневен доход, но полошо од паричната казна секако било јавното понижување.

Имено, шефовите по разрешувањето на овој случај веднаш свикале прес конференциј на која најостро ја осудиле „неговата непослушност која длабоко ги растажила“. Потоа се поклониле во знак на извинување.

– Паузата за ручек започнува точно на пладне и трае до 13 часот. Дотичниот господин погрешил затоа што работното место го напушатал неколку минути порано. Со тоа ги прекршил интерните правила на годината, изјавил портпаролот на компанијата од јапанскиот град Кобе.

Казнетиот работник во своја одбрана рекол дека „морал да го промени работниот ритам“.

Корисниците на социјалните мрежи масовно застанаа во одбрана на казнетиот работник.

Тие се прашуваат дели ова „болно“ правило ќе се применува и на оние кои ја напуштаат канцеларијата за одење во тоалет.

(ВИДЕО) Евтино на СП во Русија: Сместување за 540 денари во вселенски капсули

Само 6 дена остануваат до почетокот на СП во Русија, а тамошните угостители се подготвени за реки од луѓе кои ќе ја посетат оваа земја во текот на наредниот месец. Капацитетите за сместување се скоро целосно исполнети, но Русите смислија креативен начин да ги сместат оние најверни фанови кои сакаат да го проследат Мундијалот.

Еден руски бизнисмен реши да направи нискобуџетен хотел во градот Јекатеринбург кој ќе претставува идеално решение за сите посетители на Светското првенство.

Наместо соби, хотелот е исполнет со капсули кои потсетуваат на оние од научно-фантастичните филмови за вселената. Во овие капсули посетителите ќе имаат пристап до телевизија, клима-уред и сеф во кој ќе можат да ги оставаат нивните работи. Многу од гостите го доживуваат хотелот како атракција.

„Никогаш не сум видел нешто вакво. Ова е сосем нов начин на сместување и навистина е интересно да се престојува тука”, вели Олга Гарашенко, една од посетителите на хотелот.

Популарно