ФОТО: Поубавата двојничка на Карлеуша

Мирела е атрактивна русокоса од Босна и Херцеговина која на тамошните медиуми им стана интересна поради, како што наведуваат, неверојатната сличност со пејачката Јелена Карлеуша.

Покрај русата коса, овие две дами се слични и по модниот израз, а на Мирела не и пречи споредбата со ЈК.

-Ја обожувам Јелена и навистина ми ласка што не споредуваат, а јас само велам, дека ни се совпаѓа модниот стил. Не сум класична „блогерка“, затоа што веќе 18 години сум во сериозна работа во Швајцарија, работам како менаџер во мода“, кажала Мирела кој по потекло е од Тузла БиХ.

ФОТО: Се ожени градоначалникот Стефан Богоев - невестата одбра чипка

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, синоќа се ожени со својата долгогодишна девојка Ивана Анѓеловска.

За забвата на свадбата младенците ги одбраа „Либеро“ бенд, а оние кои беа пристуни, раскажуваат дека било многу весело. Невестата е облечена во венчаница од тантела, а градоначалникот Богоев се реши за елегантна црно-бела комбинација.

Пред неколку месеци тој ја побара Ивана за жена со голема торта во форма на кутија за накит и со прстен изработен од фондан, на која пишуваше: „Ќе се омажиш ли за мене“. „Со еден глас ‘за’, Ивана избра ‘да’“, напиша Богоев, кој е најмладиот градоначалник од СДСМ.

ВИДЕО: Сергеј Варошлија се шлогираше сред емисија

Модниот критичар Сергеј Варошлија, освен што делеше пофални зборови, неизбежно беше да ги спомене и модните катастрофи.

Овој пат, ударен дел имаше една презентерка на вести за која како што вели тој, е облечена во фејк маичка на светскиот бренд Гучи.

„Оставате лош впечаток, оставате впечаток на несериозност и немање естетика и вкус“, се шокираше модниот критичар.

(ВИДЕО) Дунавка Трифуновска: Владо Јаневски е совршен љубовник!

Контроверзната манекенка Дунавка Трифуновска за прв пат јавно прозборе за љубовта со поп-пејачот Владо Јаневски. Во интревјуто за Репортер, откри дека Владо е совршен љубовник. Дека одлично функционираат како љубовници и како соработници.

„Владо ми дозволи да бидам она што сакам. Не е тајна дека сме заедно. Блиски сме и не криеме дека имаме љубовна врска. Јавно се појавуваме заедно се едно дали не виделе во хотел или шетаме во Охрид низ чаршија“, вели Трифуновска.

Гледајте го интревјуто

Популарно