Александра и Филип потпишаа предбрачен договор, ова се деталите

Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ полека ги привршуваат подготвките за гала свадбената веселба која е закажана за идната недела.

Тие двајца водеа сметка за секој детаљ, а неодамна, како што се дознава, потпишале и предбрачен договор.

“Прија и Филип се венчаваат од љубов и никој од нив не се интересира за материјалната состојба на партнерот. Сепак тие двајца разговараа и се договорија дека е најдобро да потпишат предбрачен договор. Тоа не е ништо чудно, туку сосема нормална работа меѓу сите двојки, не само во светот туку и во Србија. Двајцата лесно постигнаа договор“.

„Во догворот се наведени движниот и недвижниот имот на сопружниците, кој при развод не би можеле да го делат. Тоа значи се што ќе внесат во бракот и по развод останува со нив. Филип нема да има право на нејзиниот стан во Белград. Исто така автомобилот кој го доби на подарок од Филип и останува на Александра, вели извор додека пак се што е стекнато заеднички во бракот, како што е и со закон определено, ќе се дели на половина:

„Се што ќе стекнат во текот на бракот ќе се дели рамномерно доколку има потреба за тоа. Со тоа што секој од нив има право да се откаже од својот дел во корист на другата страна. Инаку во рамки на предбрачниот договор стои и ставката по која двајцата имаат апсолутно право на користење на движниот и недвижниот имот на партнерот во текот на траењето на бракот.

Во договорот имало и ставка за подароците. Се она што Александра и Филип ќе го добијат, во што спаѓаат и недвижности, како и пари, не мора да го делат со партнерот.

„Секоја ставка е многу јасна, прецизна и точна. Адвокатот водел сметка за секој детаљ, а со клаузула се обврзани секој приход од моментот на склопувањето на бракот транспарентно да му го покажат на партнерот, кој има право да располага со него. И едниот и другиот се многу успешни во својата работа. Одлично работат и заработуваат и ниту еден момент не сакаа да се оптоваруваат со финансиите. Никој од нив не инсистираше на предбрачниот договор, туку низ разговор одлучика да го склопат. Двајцата имаат поддршка од родителите и сите едвај ја чекаат веселбата, а подоцна секако и внуче“, за вршува изворот.

По повод овие информации, не се јавија да потврдат ниту демантираат ни Филип ни Александра.

Инаку Брена и Боба едвај ја чекаат свадбата која е закажана за 21 јуни во Црквата Василј Острошки на Бежанијска коса во Белград. Од негова страна кум е Милош Теодосиќ, а од нејзина Ацо Пејовиќ. Свадбената веселба е закажана за Белекспо центарот и ќе присуствуваат 900 гости.

Глуми шериф и мафијаш: Сите му се плашат!

Додека српскиот пејач Дарко Лазиќ уште се бори за живот по страшната сообраќајка во која едвај преживеа, неговите соседи немаат нималку добри зборови за него.

- Се промени откако стана победник на Гранд. Пред тоа беше фино и културно момче кое со татка си настапуваше по кафеани. Кога победи се смени се. Што да ви кажеме, овде глуми шериф и мафијаш, вози со 200 на час, остава траги со тркалата како да е на рели трка, велат соседите за него, пренесуваат српските медиуми.

Велат сите му се плашат на Дарко, но сепак им е жал за несреќата бидејќи е млад.

Даниел Кајмакоски откри што спрема!

Даниел Кајмакоски кој откако стана татко на малиот Давид се повлече од музичката сцена наскоро ќе промовира неколку нови песни на кои работи во моментов. Вели дека синот сега откако потпораснал е време да и се посвети на кариерата, а ќе работи паралелно и во Македонија и во соседна Србија.

Спремам многу новитети, но не сакам да кажам официјален датум за промоција затоа што не уште и јас не знам кога ќе го завршам проектот. Знам дека на моите фанови им должам нови песни и истите наскоро ќе им ги подарам, нека бидат трпеливи, вели Кајмакоски кој јавноста ширум овие простори го запозна преку учеството во музичкото шоу „Икс Фактор“ каде триумфираше.

Неодамна преку објава на „Инстаграм“ откри и дека сака уште едно дете.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Daniel Kajmakoski (@daniel_kajmakoski) on

Тие растат толку брзо, но треба уште едно бебе, напиша пејачот.

Дали ова значи дека приновата веќе е на пат, или пак сакаше да открие дека со сопругата само работат на случајот, останува да почекаме и да видиме. Едно е сигурно, поголема радост од големо семејство нема!

Лепа Брена си бендиса снаа за синот Стефан

Лепа Брена сака Анастасија Ражнатовиќ да и биде снаа, а Цеца Ражнатовиќ се огласи по тој повод и истакна дека нема да се меша во изборот на својата ќерка.

Мама Брена би била задоволна кога Анастасија Ражнатовиќ би била снаа. А и јас. Таа е фантастична девојка. И двајцата имаме познати мајки, изјавил Стефан во емисијата „Гламур” и истакнал дека би сакал да снима дует со ќерката на Цеца.

Брена не се прашува! Имам ќерка и таа одлучува, изјавила низ смеа Цеца и истакнала дека на неа не би и пречело ако Анастасија се забавува со момче кое не е дете на познати родители.

Популарно