ФОТО: Пред три години пред сите кажа дека ќе ослабе

Белграѓанката Марија Сердар пред три години ги воодушеви сите со својот музички настап на шоуто „Пинкови ѕвездички“, а сега го покажа и својот нов изглед.

По завршувањето на натпреварот, не се појавуваше често во медиумите, Таа додека беше натпреварувачка велеше дека ѝ е голема желба да ослабе, а тоа го вети пред сите пред камиерите пред три години.

Погледнете ја денеска:

Глуми шериф и мафијаш: Сите му се плашат!

Додека српскиот пејач Дарко Лазиќ уште се бори за живот по страшната сообраќајка во која едвај преживеа, неговите соседи немаат нималку добри зборови за него.

- Се промени откако стана победник на Гранд. Пред тоа беше фино и културно момче кое со татка си настапуваше по кафеани. Кога победи се смени се. Што да ви кажеме, овде глуми шериф и мафијаш, вози со 200 на час, остава траги со тркалата како да е на рели трка, велат соседите за него, пренесуваат српските медиуми.

Велат сите му се плашат на Дарко, но сепак им е жал за несреќата бидејќи е млад.

Даниел Кајмакоски откри што спрема!

Даниел Кајмакоски кој откако стана татко на малиот Давид се повлече од музичката сцена наскоро ќе промовира неколку нови песни на кои работи во моментов. Вели дека синот сега откако потпораснал е време да и се посвети на кариерата, а ќе работи паралелно и во Македонија и во соседна Србија.

Спремам многу новитети, но не сакам да кажам официјален датум за промоција затоа што не уште и јас не знам кога ќе го завршам проектот. Знам дека на моите фанови им должам нови песни и истите наскоро ќе им ги подарам, нека бидат трпеливи, вели Кајмакоски кој јавноста ширум овие простори го запозна преку учеството во музичкото шоу „Икс Фактор“ каде триумфираше.

Неодамна преку објава на „Инстаграм“ откри и дека сака уште едно дете.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Daniel Kajmakoski (@daniel_kajmakoski) on

Тие растат толку брзо, но треба уште едно бебе, напиша пејачот.

Дали ова значи дека приновата веќе е на пат, или пак сакаше да открие дека со сопругата само работат на случајот, останува да почекаме и да видиме. Едно е сигурно, поголема радост од големо семејство нема!

Лепа Брена си бендиса снаа за синот Стефан

Лепа Брена сака Анастасија Ражнатовиќ да и биде снаа, а Цеца Ражнатовиќ се огласи по тој повод и истакна дека нема да се меша во изборот на својата ќерка.

Мама Брена би била задоволна кога Анастасија Ражнатовиќ би била снаа. А и јас. Таа е фантастична девојка. И двајцата имаме познати мајки, изјавил Стефан во емисијата „Гламур” и истакнал дека би сакал да снима дует со ќерката на Цеца.

Брена не се прашува! Имам ќерка и таа одлучува, изјавила низ смеа Цеца и истакнала дека на неа не би и пречело ако Анастасија се забавува со момче кое не е дете на познати родители.

Популарно