ФОТО: Ужасна глетка на плажа во Црна Гора

Туристите неколку пати досега се жалеле како некои гости со пешкири и чадори за сонце заземаат дел од плажата, а последен таков пример има на Баошиќ, Бока Которска.

Имено, гостите ставиле пешкири на плажите и не ги поместуваат со денови.

Дури и ставиле камења и бетоснки придржувачи врз чадорите, за да не ги дувне ветерот.

Некои од нив започнуваат физичка пресметка доколку некој се обиде да им го земе местото.

ВИДЕО: Летаа боксови и клоци сред емисија во живо!

Опозициски косовски пратеници се пресметаа по дебата на телевизија. 

Се работи за Фрашер Красниќи од Социјалдемократската патија на Косово (ПСД) и Џељаљ Свечла од Движењето Самоопределување (ВВ), кои се степале по дебатната емисија „Рубикон“ на телевизијата КТВ, каде гостуваа. 

Красниќи не одговорил на повиците на новинарите.

Свечла за коха.нет, порталот на КТВ, кратко објаснил дека немало физичка пресметка туку само вербален конфликт.

Пратеничката на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Беса Гаџери, која исто така била присутна на дебатата, за зери.инфо изјави дека по завршувањето на емисијата дошло до тепачка, а новинарот Келменди реагирал за да ги раздвои.

Водителот Адриатик Келменди изјави дека во емисијата во живо, посветена на дијалогот со Србија, не се случило ништо невообичаено.

Красниќи учествуваше и во друг инцидент во дебатна емисија во живо на телевизијата Клан Косова, пред неколку месеци, кога го нападна со тупаници пратеникот на Социјалдемократската иницијатива (Нисма) Миљаим Зека. И во косовското Собрание неколку пати се случуваа тепачки, а имаше и фрлање на солзавец. 

ВИДЕО од страотниот земјотрес што ја погоди Грција

Земјотресот, којшто ноќеска, еден час после полноќ, ја погоди Грција, најсилно се почувствувал на Закинтос, каде веднаш по потресот снемало струја. Портпаролот на грчката служба за цивилна заштита информираше дека тројца граѓани се пренесени во болница, но нема опасност по нивниот живот.

ФОТО: За 8 часа над 20 земјотреси во Грција - најсилниот 6.8 степени

Во изминатите осум часа во Грција регистрирани се 23 силни земјотреси.

Според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар првиот земјотрес е регистриран во 1:22 часот по полноќ по локално време. Тој бил со јачина од 5,1 степени по Рихтер.

Последниот регистриран земјотрес со јачина од 4,4 степени ја стресе Грција во 9:44 по локално време.

Од објавените податоци може да се види дека од сите 23 досега регистрирани земјотреси, најслаби биле два со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала. Останатите се со јачина меѓу 6,8 степени по Рихтер, кој бил и најсилниот, и 4,3 степени.

Сите земјотреси се регистрирани во Јонското Море во близина на западниот грчки туристички остров Закинтос.Грчката противпожарна служба соопшти дека досега не е пријавена штета, но оти во главниот град на островот Закинтос нема струја. Во друг дел на островот биле пријавени паднати карпи, а се урнал и дел од ѕид на црква во градот Пиргос, во јужниот дел на Пелопонез.

Поголемиот дел од земјотресите се почувствувани во цела Грција.

Популарно