За состанок со својот иден сопруг, Џастин Бибер, Хејли Болдвин одлучила да облече пижами.
Манекенката последните неколку дена ги поминала работно во Токио, а своето патување детално го забележала на Инстаграм.
После 12 часа лет, Хејли веднаш се упатила на состанок со својот иден сопруг и тоа во пругасто зелено-црни пижами, бидејќи очигледно била преуморна за да облече било што друго.
Нормално, сепак тука се работи за моден израз, бидејќи Хејли и овој аутфит го надополнила со модни детали, точно како и секој претходен.
Од накит, Хејли носела златно ланче и мали златни обетки, а ташната и патиките ѝ биле во црна боја, како пругите од пижамите.
Дали и виде после толку долг лет, само за да го видите вашиот сакан би излегле во ваква модна комбинација?