ФОТО: Задник колку када - Кардашијан потполно гола

Ким Кардашијан осамна потполно гола на насловната страница на магазинот Richardson, кој е всушност магазин со сексуална содржина.

Фотографиите ги сними познатиот фотограф Стивен Клајн, а тие се инспирирани од класикот, анимираниот филм "Perfect Blue" од јапонскиот режисер Сатоши Кона.

На фотографијата од насловната страна носи само бели гаќички, додека на другата фотографија клечи во када покажувајќи го задникот. 

Претходно оваа недела Ким ја налути јавноста со фотографиите на кои гола рекламира сенки за очи.

ФОТО: Пејачките од групата „Little Mix“ позираа голи

Женската музичка група „Little Mix“, наскоро ќе го објави новиот албум, а со една фотографија одлучиле да пратат силна порака на светот.

Четирите девојки од познатиот бенд се соблекле голи и телата ги испишале со разни навреди, кои жените секојдневно ги добиваат поради телесните несовршености.

Нивниот најнов сингл „Strip“ испраќа моќна порака дека жените треба да зрачат со самодоверба, а на овој начин пејачките ги прославиле своите несовршености.

Поранешните победнички на музичкото натпреварување „Икс Фактор“, ги покриле интимните делови од телото, а на кожата ги испишале сите погрдни зборови со кои ги именувале.

„Дебела, не знаеш да пееш, грда, слаба, со стрии..“ се дел од зборовите кои девојките ги носеле на телото.

Пејачките на овој начин сакале да ги повикаат сите жени заедно со нив да ги прослават своите несовршености.

„Сите некогаш сме страдале од ниска самодоверба, сите сме добивале навреди и негативни коментари, а немавме песна за тоа“, рекле девојките од познатиот бенд. 

ФОТО: Џенифер Анистон е сеуште секси како во најубавите години

Џенифер Анистон (49) е позната по својата совршена градба. Не е класична слаба девојка, а делува како здрава и силна жена. Тајната на нејзината совршена линија е боксот.

Холивудската актерка тврди дека овој вид на тренинг е одличен не само поради обликување на телото туку и за исфрлување на негативната енергија.

Со ваков тренинг, актерката ги обликува рацете и стомакот, но и нозете, бидејќи телото постојано ѝ е во движење.

Вежба од три до шест пати неделно, а тренинзите некогаш траат 45 минути, но некогаш два часа. Напорно вежба кога има некое важно случување.

Тренингот се состои од скокање со јаже, трчање, класични боксерски потези и др.

Џенифер е една од 300 познати личности кои својата линија ја одржуваат вежбајќи бокс. Ваков тип на тренинг има одлични психофизички последици на организмот, го затегнува целото тело и е одличен за кардиоваскуларниот систем.

„После бокс тренингот се чувствувате ментално испразнето од сите лоши работи кои ги слушате и гледате секојдневно. Постои и оној сладок момент кога помислувате на некои од тие работи додека удирате“, рекла во една прилика актерката за магазинот „Style“. 

Популарно