ФОТО: Актерката прошетала во најсекси панталони

Некои модели на панталони шокираат на прв поглед, а некои на втор. Добро, има и такви модели кои се "само" панталoни, и ништо повеќе.

За првиот тип на панталони се одлучила актерката Алисија Аренд, која со оваа скандалозна облека пред неколку дена се проштела во Лос Анџелес. 

И само добро погледнете, дали очекувавте да изгледаат вака одзади? Нас прилично не шокираа.

Отворите на задникот се едно непријатно изненадување, дури и за љубителите на добриот вкус. Оние кои сакаат голотија на сред ден на улиците, сигурно го поздравуваат ваквиот моден избор.

Колку од вас би смееле или би сакале во ваква гардероба да се прошетаат во јавност.

И како процепите да не биле доволни, Алисија на задникот ставила и налепници. Веројатно со тоа дополнително привлекла внимание на своето голо тело.

ВИДЕО: Сите подзинаа на овој вистински стриптиз на мраз

Уметничкото лизгање отсекогаш го привлекувало вниманието на публиката ширум светот, но во последно време се чини како овој спорт да е запоставен.

Меѓутоа, една лизгачка одлучила да го врати на голема сцена со нејзиниот интересен настап.

Иако многумина процениле дека ваквата точка не била пристојна за на мраз, публиката со воодушевување го следела овој настап. Една од најдобрите уметнички лизгачки на денешницата, Елизавета Туктамишева направила мал скандал, одигрувајќи сцена во која на прилично експлицитен начин почнала да се соблекува.

Во секој случај, настапот бил проследен со овации, а машкиот дел од публиката веројатно ќе започне да го следи овој спорт кој досега не му паднало напамет да го погледне.

ФОТО: Ким Кардашијан покажала сè во чипкаст комбинезон

Ким Кардашијан Вест повторно покажа колку сака да ги истакнува своите облини. Овој пат тоа го направи на 40-от роденден на пејачот Џон Леџенд, кој инаку е близок пријател на Ким и Каније.

Сопругата на пејачот, Криси Тиген, на Џон му приредила тематска Џејмс Бонд Казино Ројал забава, а Ким одлучила да се облече во согласност со настанот.

Старлетата носела проѕирен комбинезон од црна чипка, кој имал три отвори од предната страна, помеѓу кои имало големи кристали.

За уште повеќе да му додаде секаспил на својот изглед, Ким направила „мокра“ фризура, а носела и салонки со висока потпетица.

На оваа забава присуствувала и Кортни Кардашијан, која, за разлика од својата сестра, одлучила да игра на сигурната карта за елеганција, која се состои од црно сако и црн топ.

ФОТО: Прва заедничка фотографија на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ по порно аферата

Се уште се актуелни вестите околу порно аферата на Јелена Карлеуша и босанскиот фудбалер Огнен Врашњеш.

Имено, се започна на Божиќ кога наводно сопругот на Карлеуша, Душко Тошиќ проношал пораки од допишувањата меѓу Карлеуша и Огнен.

Подоцна се појавија експлицитни фотографии на кои наводно е Јелена Карлеуша, но и видео како Огнен и Карлеуша шетаат во Атина.

Меѓутоа, Јелена ги демантираше овие пишувања истакнувајќи дека се фотомонтажа и напад на неа и нејзиното семејство.

По скандалот таа замина во Кина каде е нејзиниот сопруг Душко.

Таа неколку дена ништо не објавуваше на социјалните мрежи, а потоа сподели видео како Душко се игра со Ника.

Душко вчера славеше роденден и наполни 34 години, а по тој повод Јелена на својот „Инстаграм“ објави заедничка фотка со сопругот, но и една семејна фотографија.

Ова е нивна прва заедничка фотографија по големиот скандал.

Популарно