Уапсен Орце Камчев!

Бизнисменот Орце Камчев е еден од приведените по истрагата на СЈО наречена „Империја“, поврзана со перење пари, злоупотреба на службата и повластување на доверители, дознава „Макфакс“. Меѓу уапсените е и Цветан Панделески, кој е бизнис-партнер на Камчев и татко на Дејан Панделески, кој е кумашин на поранешиот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.

СЈО од 6 часот утринава вршеше претрес во „Орка холдинг“, компанијата на бизнисменот Орце Камчев. Од СЈО  ја потврдуваат информацијата, а Камчев беше недостапен за да каже од кои причини компанијата е под лупа на обвинителството.

Вработени во „Орка холдинг“ за „Макфакс“ сведочат дека обвинители од СЈО се влезени во главните простории на компанијата со асистенција на одделот за сузбивање организиран криминал и корупција, а дека другите компании во објектот работат нормално.

СЈО по спроведена предистражна постапка отвори нова истрага под кодно име „Империја“  против Орце Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“.

„Оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело. Во текот на предистражната постапка, со преземање на различни истражни дејствија, како и со примена на посебни истражни мерки, се обезбедени доволно докази од кои произлезе основано сомнение дека во периодот од 2002 година до 2013 година осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар лично и преку правни лица кои биле или се во нивна сопственост“, стои во соопштението на СЈО.

„Во текот на денешниот ден од страна на ова Јавно обвинителство, во соработка со МВР, беа извршени 12 претреси и лишени се од слобода пет осомничени лица, кои во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка и за кои ќе бидат побарани мерки за обезбедување присуство. Во скоро време се очекува и проширување на истрагата кон нови лица и за нови кривични дела, а во насока на обезбедување на имотно-правните барања од оштетените лица и обезбедување на предметите кои потекнуваат од кривичните дела ќе бидат побарани и мерки за привремено обезбедување на имот“, додаваат од СЈО.

Колкави ќе бидат платите на специјалните обвинители

Министерството за правда го објави нацрт-предлогот за нов закон за Специјалното јавно обвинителсто според кој платата на Специјалниот јавен обвинител се определува во висина од 5% пониска од платата на Јавниот обвинител на Република Македонија.

„Платата на јавните обвинители во Специјалното јавно обвинителство се определува во висина на плата на јавен обвинител на Вишо јавно обвинителство“ стои во предлог-законот.

Специјалниот јавен обвинител и јавните обвинители во Специјалното јавно обвинителство имаат право на додаток за посебните услови за работа, додаток за постоење на висок ризик и додаток за доверливост.

-Платите и другите надоместоци на вработените во јавнообвинителската стручна служба во Специјалното јавно обвинителство ќе бидат регулирани со закон и колективен договор, пишува во предлог-законот.

Ќе треба време да се избришат трагите од „перењето мозоци“ дека постојат Македонци

Ќе треба да помине време за се избришат трагите од „перењето мозоци“ од страна на поранешна Југославија дека постојат Македонци, истакна бугарската министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева.

Бугарија е првата земја во светот која ја признава Република Македонија под нејзиното уставно име. Сакам експлицитно да истакнам дека ставот на Бугарија бил исклучително принципиелен и непроменлив од сите Влади досега. По говорот на омраза од македонска страна поставивме услов да се постигне Договор за добрососедство за започнување на преговори за членство на Македонија во ЕУ и НАТО. Нашата примарна цел е да спречиме искривување на историските настани, а не да создаваме омраза меѓу двете земји, изјави Захариева на денешната пратеничка расправа, откако беше запрашана дали Бугарија е премногу мека во односите кон Македонија.

Според Захариева, непродуктивно е да се создава впечаток дека е променета политиката во врска со Македонија. Таа ја опиша како „тактичен потег” изјавата дека името „Северна Македонија” претставува опасност од територијални претензии кон Бугарија, за потоа да изјави дека името е прифатливо.

Министерката за надворешни работи рече и дека заедничката Комисија за историски прашања веќе имала три седници и се вршел притисок од македонска страна за одредени историски прашања, но и дека Бугарија нема никакви комплекси по ова прашање и дека луѓето треба да ја знаат вистината.

Бугарија требала да помисли на прифаќање на името на Македонија уште во 1992 година, доколку се сметало дека ова ќе е проблем. Но, мислам дека тоа не беше грешка, туку знак за добрососедски и пријателски однос. Треба да помине време за да се избришат трагите од „перењето на мозоците“ од страна на бивша Југославија дека постојат Македонци, завршила Захариева.

Грчки медиуми: Нова офанзива на Грција - Македонија освен името ќе го изгуби и јазикот!

По големата бура што во Грција ја предизвикаа изјавите во Собранието на премиерот Зоран Заев за учењето на македонскиот јазик во Грција, за неговата употреба, за „Егејска Македонија“, според грчките медиуми, Атина ќе ја префрли битката на меѓународно тло.

Како што објаснува весникот „Естиа“, грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе побара ООН да одобри дополнителен протокол кој ќе го допрецизира Преспанскиот договор во смисла дека ќе дава многу ограничен простор за наведувањата на јазикот и нацијата.

Според весникот, протоколот ќе биде амандман на Договорот од Преспа, односно ќе стане негов интегрален дел.

Според пишувањата на грчките весници, за подготовката на овој амандман бил ангажиран Евангелос Калпадакис, советник на грчкиот премиер.

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос веќе побара од Генералниот секретар на НАТО да се спротивстави на интерпретациите на Преспанскиот договор во Македонија за да се оневозможи признавање „македонски народ“ и да се потенцира дека јазикот во грчката северен сосед е словенски.

Според медиумите, Грција ги информирала и САД дека Преспанскиот договор нема да биде ратификуван во грчкиот парламент без такви гаранции.

Популарно