Видео:Ибро Лабунски „му се пушти на жирито“

Вчерашната емисија на „Ѕвездите на Гранд“ беше интензивна како ниедна досега.

Имено, оваа сабота гледачите на овој музички натпревар ќе имаат прилика да го видат Ѓорѓе Давид како вика на таткото на нашиот кандидат Адам Лабунски, односно фолк пејачот Ибро Лабунски, бидејќи го изнервира со одлуката синот да ја смени песната која му ја одредил менторот да ја пее и месеци наназад ја подготвувал.

-Дечко, полека, застани малку! – му кажа тој на музичарот.

-Ма, каков бре дечко?! Прво,јас не сум дечко. Ти си за мене дечко, бре! – продолжи со висок тон да му се обраќа Ѓорѓе.

Настапот на Адам е од 23 минута...

Кој вработени даваат отказ поради лошите шефови?

 Алисон Мекмахон-експертк за човечки ресурси, тврди дека: „шефот кој не се грижи, ниту пак се преправа дека се грижи за своите вработени не е добар“.

Таа наведува дека, постојат бројни фактори зошто луѓето одлучуваат да дадат отказ, а некои од нив се премалата плата, бројот на работни часови, далечната локација и недостатокот од интерес. Но, според Алисон, најчестата причина за отказ од работното место е тоа што вработените се уморни да работат за лоши шефови.

Воглавно, луѓето се подготвени да се справат со лошите ситуации, сè додека им се допаѓа личноста за којашто работат. Доколку не можат да го поднесат својот шеф, вработените немаат причина да останат на тоа работно место.

„Во девет од десет случаи кога вработениот вели дека си заминува за повеќе пари, не е вистина. На повеќето им е неудобно да ја кажат вистината. Ако водите организација или фирма, вашите вредности и постапки треба да го инспирираат вашиот тим. Кога ова не се случува, ќе добиете помала продуктивност“, изјавила Алисон.

„Природно е порано или подоцна, некој кој е добар работник, но нема вештини за водење, да дојде во положба некој премногу да го надгледува, нешто што е проблем во многу фирми.“

Поради ова, голем број места се полни со незадоволни вработени.

Знаевте ли дека лошите шефови можат да ги разболат своите вработени?

Тие не им „давале“ да спијат две години

Во Шпанија  брачен пар две години  не можел да спие мирнот поради постојаните  нејасни звуци кои доаѓале од ѕидовите од нивниот дом.

По две години без сон и ненаспани, решиле да го урнат ѕидот во спалната и таму нашле огромно гнездо со пчели. Имало над 80.000 пчели, што живееле во ѕидот на нивната спална соба во гратчето Пинос Пуенте во близина на Гренада.

Тие го повикале локалниот пчелар, кому му требале седум часа за да ја извади кошницата, да ги ослободи пчелите и неповредени да ги врати во природа.

Според пчеларот, причина за ваквата појава се климатските промени и се помалиот број дрва, каде пчелите може да се населат.

Кои славни личности се против вакцинирањето

Од страна на Светската здравствена организација „антивакс“ е прогласено за  една од најголемите закани за глобалното здравје.

Поради фактот дека луѓето одбиваат да се вакцинираат во последните неколку децении,  повторно се појавиле болести како детска парализа и сипаници кои се сметале за искоренети во земјите во кои вакцинирањето било достапно.

Меѓутоа, на „антивакс“ движењето не останале имуни ниту некои славни личности.

Според порталот Moms,ова се некои од нив

Чарли Шин

Џени МекКарти

Ерин Брокович

Џим Кери

Селма Хаек

Џенифер Лопез

Марк Антони

Популарно