Мајката на еден од ocyдените го пpeдyпреди Заев дека и неговите деца ќе cтpaдaaт како и нејзиното!

Мајката на Влатко Трајковски, Јагода Трајковска кој денеска беше ocyден на 15 години затвop пред малку за медиумите даде изјава во која што предупреди дека ова што го прави Заев ќе му се врати oкo за oкo, зaб за зaб, кpв за кpв, 

Мајката на Влатко Трајковски објасни дека тој бил бpaнител во 2001 година и се бopeл против тepopизмот во Македонија,  за сега за два шaмapи да биде ocyден на 15 години затвop за тepopизам.

Jагода Tрајковска објасни дека таа ќе го пpeжали нејзиниот син да биде жpтвyвaн во затвopoт, но таа ќе делува од надвор и ќе нaплaти за пpoгонот на нејзиниот син.

Џамбаски: Гоце Делчев никогаш не се борел за никаква независна Македонија

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски повторно излегува со изјава која може да ги разгори духовите во Скопје и во Софија. Тој во изјава за епицентар.бг тврди дека Гоце Делчев никогаш не се борел за никаква независна Македонија и оти тој не може да биде ништо друго освен Бугарин.

Според него, за  Бугарија, Македонија никогаш нема да биде ниту северна, ниту јужна, ниту горна ниту долна, туку само една и братска втора бугарска држава на Балканот.

-Не можеме да продолжиме да го правиме дека не ги гледаме овие злоупотреби, провокации и фалсификати извршени од Скопје.. Ја отворивме вратата на Македонија кон НАТО преку Спогодбата за соседство..Сега зборуваме за идното членство на Македонија во Европската Унија. Ова членство поминува само преку препознавање на историската вистина. А  таа е следна. Политичка македонска нација постои по 2 август 1944 година. На овој датум, банда бугарски болшевиците и шумкари, национални предавници се собираат во подрумот на манастирот “Прохор Пчински”, користејќи за алиби на собирањето големиот бугарски христијански празник Илинден и прифатат т.н.декларацијата на АСНОМ или “Антифашистичкото народно собрание на Македонија”. Ова се случува под диктатурата на Коминтерната и Москва. По одлуката на Коминтерната да создаде и спроведе т.н. “Македонска” нација во триесеттите години на дваесеттиот век, бугарската, српските и грчкките комунистички партии  ја земаат оваа национално-предавничка директива “вооружување” и работат за нејзиното спроведување.Пред овој датум, 2 август 1944-та година – Илинден, нема никакво сомневање и не може да има никаков спор за карактерот, самосвеста и самоопределување на населението во денешната Вардарска Македонија. Тие се несомнено, недвосмислено и категорично бугарски, смета Џамбаски.

Заев не го знаел законот - се повлекува од позицијата Министер за финансии

Премиерот Зоран Заев ќе го повлече предлогот истовремено да биде министер за финансии.

Седницата за избор на нови членови на Владата требаше да почне во 11 часот, но сѐ уште не е почната токму поради оваа причина.

Засега ќе нема предлог за нов министер за финансии, но не се знае ни дали Драган Тевдовски ќе остане на функцијата.

Антикорупциска: Заев не може да биде министер за финансии

Премиерот Зоран Заев истовремено не може да биде министер за финансии, но може да раководи со ресорот, објаснува за Фокус претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска.

-Законот за антикорупција е јасен и јасно предвидува дека премиерот истовремено не може да биде министер и дека овие две функции се непоиви. Меѓутоа, Законот за влада му дозволува да раководи со одреден ресор во одреден период во определни услови – вели Ивановска.

Целиот текст на Фокус

Популарно