ФОТО: Старлетата си доби подарок од 150.000 евра

Српските медиуми објавуваат дека познатата старлета Сораја Вучелиќ, добила понуда за брак и дека ќе се омажи за богат Русин по име Владимир.

Како што пренесува „Информер“, станува збор за наследник на руски тајкун, но Сораја не сака да изнесува во јавноста детали за својот вереник.

-Не сакам да го коментирам својот приватен живот. Се надевам дека никогаш нема да дознаете кој ми е момче. Вистината е дека се заљубив во најубавото момче на светот. Освен убавината, поседува и други квалитети на коишпто дефинитивно паднав. Не паметам кога сум била посреќна, изјави старлетата за „Информер ХИТ“.

Како што пишува магазинот, врската на Сораја и на Владимир траела три месеци пред старлетата на својата рака да го стави прстенот вреден 150 илјади евра.

ФОТО: Празници се ближат: Атмосферата во домот на Александра Пријовиќ и Филип како во бајките

Новогодишните и божиќните празници се пред нас, а по тој повод многу познати личности веќе започнаа да ги украсуваат своите домови и новогодишни елки.

Едни од нив се и Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ кој го украсија својот дом, па се пофалија на социјалните мрежи.

-Почнува да изгледа како Божиќ, напиша Филип кој со фановите ја сподели новогодишната елка.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

It's beginning to look a lot like Christmas.

A post shared by Filip Zivojinovic (@carpediem_fbz) on

ФОТО: Северина се заблагодари за огромната поддршка

Северина Којиќ напиша трогателен пост на Инстаграм, која поминува низ тежок период откако го изгуби старателството на нејзиниот син Александар, упатувајќи благодарница до сите за поддршката.

Благодарам на сите што мислевте на мене. Посебно е чувството да си на некој во мислите, да те разбираат и да знаат „за што се работи тука“. Благодарам на сите јавни личности и на сите непознати кои ми дадоа поддршка. Во секој ваш збор почувствував по една мала молитва… Благодарам Хрватска, Србија, Словенија, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и им благодарам на сите луѓе кои живеат во дијаспората.

ФОТО: Во домот на македонскиот фолк пар се слави

Македонската фолкерка Татјана Лазаревска заедно со нејзиниот сопруг Новица Василевски и синовите веќе неколку години живее во Австралија, а сега имаа голема причина за славење.

Нејзиниот син Стефан стана полуматурант, а по тој повод фолкерката објави неколку фотографии на социјалните мрежи.

Популарно