Во кои години сексот е најдобар

Постојат две научни страни на сексуалните односи. Од една страна, тестостеронот игра важна улога во интимниот живот на мажот, но неговото ниво се намалува за 1% секоја година по 30-тата година, што значи дека нивната сексуална желба се намалува со текот на времето.

Кај жените, нивото на естроген нагло се намалува по влегувањето во менопауза, што доведува до мала или никаква желба да го делат креветот со партнерот.

Од друга страна, истражувањето на Националниот центар за биотехнологија „Квалитетот на сексуалниот живот низ годините“ предводено од научниците Миријам Форбс, Николас Итон и Роберт Кругер наведува дека интимните врски се поквалитетни во триесеттите отколку во дваесеттите, но и дека има групи кои нашле задоволство само во доцните четириесетти, па дури и во педесеттите. 

Една од најголемите заблуди е дека мажите и жените во своите дваесетти имаат подобро и поактивно сексуално искуство од постарите луѓе. Истражувањето го означува овој период како „лажна самодоверба со желба за уживање“ затоа што дваесеттите најчесто се карактеризираат со несигурност, страв од сопственото тело и желби и дефицит во комуникацијата меѓу партнерите.

Во белешката на научниот труд се нагласува дека учесниците во истражувањето се во зрели години во добра здравствена состојба за да не добијат погрешен впечаток.

„Не смееме да заборавиме дека целокупната здравствена состојба на човекот се рефлектира во неговата сексуална активност и желба, бидејќи кардиоваскуларните заболувања, проблемите со висок крвен притисок, хормоналните проблеми, но и депресијата и анксиозноста можат да имаат големо влијание врз овој сегмент од живот“, се вели во истражувањето. 

Луѓето во триесеттите се млади, но од нив се се очекува, т.е. дека веќе направиле се што им наметнало општеството. Она во што сум сигурен е дека истражувањето доминантно се фокусираше на луѓе кои се сами и имаат подобра финансиска состојба.

Во тој случај, резултатот е многу логичен. Луѓето во триесеттите се поуспешни и емотивно образовани затоа што се многу посвесни за своите потреби и желби. Повторно, дваесет и нешто се во процес на емоционална и социјална транзиција. Учат и се навикнуваат на свет на кој не биле подготвени, бидејќи до 18-годишна возраст сè уште биле под целосна контрола на нивните родители - вели Радовиќ.

(Фото) Внукот на Тоше, Кристијан преку фотогалерија му оддаде последна почит на својот дедо

Внукот на Тоше Проески, Кристијан кој уште од мал е познат во јавноста, по загубата на својот дедо Никола Проески преку фотогалерија му одаде последна почит на својот Инстаграм профил.

Кико сподели фотографии од своето детство се до денес, заедно со дедо Никола и Тоше, а под нив напиша само кратко – „Папу“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by @kristijanristeski

Селин Дион за болеста со која се учи да живее

Канадската поп-пејачка Селин Дион во интервјуто за на француското издание на списанието „Вог“ проговори за своето невролошко заболување наречено Синдром на вкочанета личност. Болеста ѝ беше дијагностицирана есента 2022 година.

– Не сум ја победила болеста, таа сѐ уште е во мене и секогаш ќе биде. Се надевам дека ќе се случи чудо, дека ќе најдеме начин да ја излечиме преку научно истражување, но токму сега, морам да научам да живеам со неа. Значи, ова сум јас сега – со синдромот на вкочанета личност, изјави Дион.

Таа потоа раскажува како изгледа нејзиниот живот по дијагнозата.

– Во неделата, пет дена одам на атлетска, физичка и гласовна терапија. Работам на прстите на рацете, на нозете, колената, листовите, пеам… Гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси. На почетокот се прашував: „Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?“, се потсеќа пејачката.

Таа вели дека сега има два избора – да тренира или целосно да се повлече.

– Животот не дава никакви одговори. Само треба да го живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина. Како што ја гледам, имам два избора. Или ќе тренирам како спортист и ќе работам напорно, или „се исклучувам“ и останувам дома… Значи, ги слушам моите песни, стоејќи пред огледалото и ги пеам со цело тело и душа, со медицинскиот тим, повторно, нагласи Селин.

Таа има голема поддршка од семејството и децата.

– Пред сè, љубовта на моето семејство и моите деца, љубовта на обожавателите и поддршката на мојот тим – сè тоа ме крепи. Луѓето кои страдаат од СПС (кретенка за болеста, з.п.), можеби немаат доволно среќа или имаат средства да имаат добри лекари и добри третмани. Тоа е дар, знам дека ништо нема да ме спречи, појасни таа.

На прашањето дали ќе се врати на сцената, Селин сè уште нема конкретен одговор.

– Моето тело ќе ми каже. Од друга страна, не сакам само да чекам. Многу е тешко да се живее од ден за ден. Но, има едно нешто што никогаш нема да запре, а тоа е волјата. Тоа е страста. Тоа е сонот. Тоа е одлучноста!, заклучи поп-ѕвездата.

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“.

Популарно