Момче од Русија тврди дека живеело на Марс: Знам што не очекува

Бориска е младо момче од Русија кое тврди дека некогаш живеело на Марс и дека планетата била населена, но дека ја преживела најголемата катастрофа во својата историја, губењето на атмосферата.

По тестирањето во училиштето надлежните решиле Бориска веднаш да го посетува второто одделение, но потоа тоа им било товар. Никому не му се допаѓало тоа што момчето од еднаш го прекинувало наставникот и му велело дека не зборува вистина, а тоа се случувало, дури и по неколку пати на ден, пренесува „Аура“.

За необичното дете Бориска прв пат се слушна од приказната на еден очевидец на експедиција на северот на Волгоградската област.

boriska-640x320

Тој постојано на возрасните им зборува дека на Марс имало цивилизација, за мегалитските градови и марсовските вселенски бродови, за летовите на другите планети и за државата Лемурија на Земјата, чиј што живот го познавал од сопствено искуство, бидејќи вели дека понекогаш доаѓал од Марс, на големиот континет, каде што имал и пријатели.

Сите кои што разговарале со него, се изненадени од две работи. Првин поради тоа што има невообичаено знаење за еден дванаесетгодишник, како и тоа што говорот не е на ниво на дете на неговата возраст. Тој користи терминологија, детали и факти од минатато за Земјата и Марс, поради што му завидуваат дури и универзитетските професори.

Бара пријател „Земјанин“

Интересно е што Бориска дошол на светот на 11-ти јануари 1996 година, во градот Волзхку, во провинциското породилиште. Мајка му, Надежда Кипријановиќ работи како дерматолог во градската болница, а татко му Јуриј Товстенев е офицер. Тие велат дека ќе бидат среќни доколку некој може да им помогне за да се реши невобичаениот феномен за неговиот син, но засега со интерес го набљудуваат своето чудо.

Кога има година ипол веќе можел да чита тешки зборови од весниците. На двегодишна возраст започнал да црта различни нијанси. Сите негови воспитувачки велат дека имал голема дарба за јазиците и дека мозокот му е неверојатно развиен. Забележале и дека има феноменално помнење. Но, родителите утврдиле дека нивниот син до своето знаење не доаѓа само од набљудување на околината, туку и од некои други извори. Велат „како да примаше некои информации од некаде“.

-Никој не го научи на тоа. Изнесуваше такви детали за Марс, планетарниот систем и другите цивилизации, по што останувавме без зборови-изјави мајка му Надежда.

Бориска вели дека некогаш живеел на Марс, и дека таа планета била населна, но дека ја преживеала најголемата катастрофа во својата историја, губењето на атмосферата. По тоа малкуте граѓани живееле во подземните градови. Во тоа време тој често летал на Земјата поради трговија и научно-истражувачката мисија. Изгледа само тој бил пилот на вселенскиот брод. Тоа се случувало во време на Лемуријската цивилизација, но имал и пријател Лемурец кој починал пред неговите очи.

-Се случи голема катастрофа во која експлодираа планини, а големите континенти се распаднаа и потонаа под вода. Одеднаш голем камен падна во местото во кое што бевме јас и мојот пријател. Не можев да го спасам. Сега треба да се сретнеме на Земјата-вели тој.

Најавува големи катастрофи

Кога ќе има инспирација, тој зборува интересни приказни за Маите, бидејќи смета дека луѓето не знаат многу за тој фасцинантен народ. Според него на Земјата сега се раѓаат посебни деца, поради некои големи промени, кои што треба да се случат на планетава. Затоа ќе биде потребно ново знаење, пошироко од менталитетот на земјаните.

-Се почесто се раѓаат „индиго“ деца, но во нашиот град не сум сретнал. Можеби Јулио Петрова, таа ми верува, што значи дека нешто чувствува. Остататите обично се смеат кога зборувам. На Земјата ќе се случат две катастрофи и затоа се раѓаат тие деца, бидејќи мора да им помагаат на луѓето. Половите ќе се свртат. Јас се плашам од тие катастрофи, бидејќи ние живееме вечно. Се случи катастрофа и на Марс, каде што порано живеев. Тие беа народ како ние, но дојде до нуклеарна војна и се изгоре-тврди тој.

Бориска наведува дека Марсовците дишат воздух кој претежно се состои од јаглед диоксид, а кога тие би дошле на нашава планета би живееле во близина на оџаците.

-Кога ќе се најдеш во тело на земјанин го вдишуваш овој воздух. Но ние не го сакаме, бидејќи тој предизвикува стареење. На Марс луѓето вечно се млади, на возраст од околу 30 и 35 години.

Тој не се сеќава на своето име од животот на Марс, туку само на својот живот од тринаесетата година.

-Носевме посебни очила и се боревме цело време. Може повторно да се оживее Марс, но постои една станица, која што е потребно да се уништи. Тоа е тајна, но можам да нацртам како изгледа, бевме близу до неа.

Родителите го воделе на различни прегледи, бидејќи стравувале за него. Свесни се дека тој е чудо на природата.

Вселенска катаклизма

Една рекол дека научниците сигурно ќе ги интересира тоа што во нашиот Сончев систем нема девет планети, туку две повеќе. Тие се наоѓаат зад Плутон. Според неговите зборови Марс некогаш бил во близина на Јупитер. И Месецот тогаш му припаѓал на Марс, но по вселенската катаклизма Марс ја сменил својата орбита и така Земјата го добила својот сателит, Месецот. Но, тој не може да се сети на некои детали од тој период.

На петгодишна возраст ги изнанадил своите родители кога почнал да зборува за планетата Просерпина, која што е уништена пред повеќе стотици илјади, а можеби и милиони години.

-Таа планета повеќе не постои, но нејзините жители се телепортирани во петата димензија, која што ја викаат паралелен свет. Ние ја гледавме смртта на планетата од Марс- раскажува Бориска.

Ева Лонгорија во фустан кој ги истакнува атрибутите, оваа креација ќе сакате да ја видите од секој агол

Ева Лонгорија пристигна на Канскиот филмски фестивал, а се чини дека сите модни ентузијасти премолчено се согласија дека имаме победник.

Лонгорија присуствуваше на премиерата на Kinds Of Kindness, со Ема Стоун и Џо Алвин, во блескав фустан со отворен грб на Elie Saab и со длабоко деколте.

Масивниот дијамантски ѓердан со розови скапоцени камења, соодветни обетки и прстени го комплетираа раскошниот изглед, кој вклучуваше чевли од Сантони, а нејзината коса беше стилизирана во долги, лабави бранови.

Фустанот е вистинско славје на женската силуета од извонредната изработка која ги истакнува облините, до отворениот грб.

Ова е фустан што сакате да го видите од секој агол.

(ВИДЕО) 22 години од денот кога Кометал ја освои Лигата на шампионите

На денешен ден, пред дваесет и две години, секој Македонец беше горд и плачеше од радост, затоа што женскиот ракометен клуб Кометал Ѓорче Петров ја донесе првата европска титула во нашата земја, откако го крена престижниот пехар во Лигата на шампионите. На 19 мај, 2002 година, Кометалки во мечот за титула го совладаа Херц (26-22) и направија секој човек од нашата земја да слави, без разлика дали е вистински вљубеник во ракометната топка или пак не.

Се присетуваме на последните минути од финалниот натпревар:

Дел од тимот на Кометал Ѓорче Петров во финалето во „Кале“ беа Луминица Дину, Гордана Нацева, Индира Кастратовиќ, Оксана Плошчиска, Ирина Калиниченко, Анжела Платон, Милева Велкова, Олга Бујанова, Мирјана Чупиќ, Андријана Будимир, Лариса Ферзалиева, Ања Андрушченко, Наталија Малахова и Елена Златановска. 

Дваесет и две години подоцна, Македонија има ракометни тимови со кои се гордее. Ама енергијата која ја предизвика Кометал ЃП во нашата земја - засекогаш ќе се памети. Орото кое се виеше на „Македонско девојче“, како и скоковите од радост на „Кометал шампионе“, засекогаш ќе останат врежани длабоко во македонската спортска историја.

Северина до свештеникот: “Имав само добар с..., што ина тебе ти посакувам“

Пејачката Северина Вучковиќ неодамна ги повика следбениците на Инстаграм да потпишат петиција за право на абортус.

Реакциите се разни, а една реакција има потпишана од хрвтаски свештеник кој вели: „Жената со скандали. Само што се опорави од јахтата, повторно е тука“.

Северина одговори на неговиот коментар на Инстаграм.

„Драга, твојот статус ми звучи како мојата глава да ми ја отсекол моторот на јахтата, па повторно ја сошиле во најдобрата клиника за враќање на главата на телото кога ја пресекол мотор на брод, а јас восуштина таму имав добар секс, што и тебе ти го посакувам, можеш и ти со личност од спротивниот пол.

Инаку, Северина во оваа иницијатива ја поддржа Јелена Розга, за која многумина веруваа дека не е во добри односи со Северина. На Розга и се допадна објавата на Северина во која пејачката ја кани да се потпише на петицијата.

Популарно