Прв пат оваа година 30 степени!

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со слаб ветер од северен правец.

Мининалните температури ќе се движат од три до девет степени, а максималните од 22 до 30 степени. УВ индексот е седум.

Во Скопје исто така сончево и топло време со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушто до седум степени, а дневната ќе достигне до 28 степени.

Наредните денови продолжува периодот на релативно топло време со пораст на утринските температури. Утре ќе се задржи претежно сончево, а од вторник во попладневните часови ќе има делумно зголемување на облачноста со услови за краткотраен локален дожд.

ВИДЕО: Се продава блиндираниот мерцедес на Путин - погледнете како изгледа и колку чини

На Рускиот сајт за продажба на автомобили auto.ru, се продава биндираниот Mercedes-Benz S600 Pullman од автопаркот во Кремлин со специјална ознака ГОН  Лимузината која е произведена во 2003 година е сопственост на колекционер, кој тврди дека истата била користена лично од претседателот Владимир Путин „за официјални и за неофицијални средби“.

Според описот до објавата возилото е произведено по нарачка од Mercedes-Benz, а не од приватно студио, а е блиндиран по стандардот B7/B7.

Под предната хауба работи 5,8-литарски V12 мотор со моќност од 367 коњски сили и максимален вртежен момент од 530 Нм. Има петостепен автоматски менувач со придвижување на задните тркала.

Лимузината има кожен салон, тризонска клима, автоматско регулирање на седиштата и високквалитетен развлекувачки систем. Возилото учествувало на изложбата „90 години ГОН“ заедно со други автомобили користени од руското Претседателство.

Продавачот го има оценето ова возило со 111.390 евра.

Популарно