Почина водачот на најопасните ограбувачи во светот - „Пинк Пантер“

Најважниот актер во спектакуларниот грабеж кој се случи во Дубаи во 2007 година, Борко Илинчиќ (35), бил пронајден мртов во својата затворска ќелија, пишуваат белградските медиуми.

Борко Илинчиќ бил „мозокот на операцијата“, кога на 15. \ април 2007 година во трговскиот центар „Вафи“ во Дубаи, криминалната банда наречена „Пинк Пантер“ од јувелирница однесоа накит вреден 11 милиони евра.

Групата на Илинчиќ со два автомобилa „aуди“ влетала во трговскиот центар го пробиле излогот на златарницата „Граф“ и за помалку од една минута ограбиле накит, дијаманти и часовници во вредност од 11 милиони евра.

Успеале да се вратат во атомобилите, кои откако побегнале ги запалиле.

Илинчиќ во февруари 2014 година бил уапсен во Мадрид, а во октомври минатата година од Шпанија е екстрадиран во Обединетите Арапски Емирати. Тој бил осуден на 10-годишна затворска казна.

Како што пренесуваат белградските медиуми, тој во затворот во Дубаи, најверојатно, починал од инфаркт.

Братот на починатиот заминал во Дубаи за да го преземе телото, а како што изјавил негов близок пријател, семејството се сомнева дека Илинчиќ не починал од инфаркт, туку смета дека бил убиен.

(ВИДЕО) За само пет минути авион во лет падна на 500 метри височина

Меѓу патниците во авионот, кој летал од Турција до Русија, се создала паника кога, за само пет минути, авионот пропаднал од висина од 9.997 метри на околу 500 метри, по што ненадејно дошло до пад на притисокот во кабината.

Според непотврдени информации, дошло до дефект на моторот на леталото.

Луѓето викале и плачеле, а во авионот ербас 321 на нискобуџетната компанија Онур ер, со седиште во Истанбул, имало 226 патници и осум членови на екипажот.

На видео снимката, која ја направиле патниците откако авионот вонредно слетал на аеродром во Волгоград, на југот на Русија, се гледа како од плафонот на авионот висат маски со кислород.

Турскиот авион летнал од Анталија кон Чељабинск, град кој се наоѓа источно од планината Урал.

Турскиот весник Хуриет дејли њуз јавува дека авионот вонредно слетал во Волгоград, но истакнува дека не е прецизирано од кои причини. Аеродромот во Волгоград потврди дека имало вонредно слетување, и дека друг авион бил испратен да ги собере патниците.

МЕРКА ИПОЛ: Оваа земја направи бум во светот и обезбеди бесплатен јавен превоз за своите граѓани

Главниот град на Естонија, Талин направи огромен чекор напред и обезбеди мерка со којашто граѓаните ќе станат позадоволни, а  Естонија ќе има огромни бенефити. Во еден експеримент спроведен пред точно пет години, кај властите  се роди феноменална идеја за бесплатен превоз.

Примерот на главниот град ќе го следат и останатите градови.

 Естонија од 1 јули ќе воведе бесплатен јавен превоз на територијата на целата земја и со тоа ќе стане првата земја во светот што им овоможила бесплатен јавен превоз на сите свои граѓани.

Со ваквиот потег, 1,3 милиони жители на оваа балтичка земја нема да тошат пари за превоз со воз, автобус и трамвај.

Естонија веќе е пионер во воведувањето бесплатен јавен превоз – во 2013 година јавниот превоз во главниот град Талин стана бесплатен за сите негови жители, но не и за туристите и посетителите од други градови и региони.

Мишел и Барак Обама потпишаа договор и го изненадија светот

Поранешниот претседател на САД, Барак Обама и неговата сопруга Мишел, потпишаа повеќегодишен договор со компанијата „Нетфликс“  и ќе бидат  продуценти на некои идни филмови и серии кои ќе ги гледаме.

– Поранешниот претседател и неговата сопруга ќе имаат опција да продуцираат и документарни филмови, соопштија од „Нетфликс“ .

Обама на своите соработници им соопштил дека со ова нема намера да води кампања против неговиот наследник во Белата куќа, Доналд Трамп.

Барак и Мишел Обама претходно основаа компанија под име „Хајер граунд продакшнс“.

Популарно