Видео: На прес на СДСМ исто како на прес на "Златна Зора"

Ќе ти ја скршам главата. Ќе видиш што ќе ти се случи. Дојди ти во Струмица да поставуваш вакви прашања. Кај ќе одиш кога ќе се смени власта. Ова се само дел од заканите кои новинарите од медиумите за кои Заев смета дека не се професионални секојдневно ги добиваат на партиските активности на СДСМ, објавува ТВ Сител.

terooorzzzz

Да се биде новинар на прес-конфренеција на опозицијата е вистинска храброст. Доколку поставите прашање и тоа не им се допаѓа на стотината присутни активисти, можете да си заминете и со некоја модринка по телото. Гласни и недолични извици е најдоброто што може да ви се случи кога ќе поставите прашање.

-Ваквиот терор, новинарите го трпат повеќе од една година односно со самото доаѓање на Заев на чело на партијата. Исто толку време, Здружението на новинари ниту еднаш не реагираше, иако е формирано со единствена цел, да ги штити интересите на медиумските работници. Молчат и меѓународните претставништва во земјава. Новинарите на Сител само во последните недели испратија серија писма до сите меѓународни претставништва во земјава.

Реагираше и редакцијата на ТВ Сител, а свои реакции испратија и некои уреднци. До овој момент, освен евроамбасадорот Аиво Орав, ниту еден меѓународен претставник не најде време да одговори на нашите барања. Тоа дополнително ги охрабри активистите на опозицијата, па вчера, малку фалеше нашиот новинар на прес конференцијата на Андреј Жерновски да си замине натепан од братучедот на Радмила Шеќеринска, објавува Сител.

Телевизијата објавува дека однесувањето на Заев и неговите поддржувачи на прес-конференциите најмногу потсетува на грчките нацисти собрани во Златна Зора. И бугарските неонацисти слично се однесуваат кон новинарите. На овие теми, Сител објави прилог со конкретни видео од настаните.

(извор:Сител)

Граѓаните утре можат да пријавуваат повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Во канцеларијата на Народниот правобранител, утре од 7 до 19 часот, на денот на одржување на вториот круг за избор на претседател на Република Северна Македонија и на парламентарните избори, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321. 

Како што информираат денеска од канцеларијата на Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линијата, граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

-Исто така,  утре на денот на изборите дежурства ќе има и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996,  Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово на тел. бр.(044) 344-082, Битола на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488, се вели во денешното соопштение од Народниот правобранител. 

Народниот правобранител, нагласуваат оттаму, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право. 

Инфлацијата во април зголемена за 0,7 проценти во однос на март

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април во однос на март изнесува 0,7 проценти, а цените на мало се зголемени за 1,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.

Зголемувањето на инфлацијата е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во транспортот за 2,8 проценти, комуникации за 1,6 проценти, храна и безалкохолни пијалаци, облека и обувки за 0,9 проценти, рекреација и култура, ресторани и хотели за 0,6 проценти, разновидни стоки и услуги за 0,4 проценти и здравје за 0,2 проценти.

Намалување на трошоците на животот е забележано во групите мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,5 проценти и домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,2 проценти.

На исто ниво останале трошоците на животот во групите алкохолни пијалаци, тутун и наркотици и образование.

Цените на мало во април во однос на март се зголемени за 1,1 процент.

Во однос на април лани, трошоците на живот се зголемени за четири проценти, а цените на мало за 3,5 проценти.

Малолетник прегазен во Велес, пренесен во скопските Клиники

Во СВР Велес синоќа во 21:55 часот било пријавено дека на главната  улица „Благој Ѓорев“ во Велес, патничко возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 35-годишната велешанка М.Р.  удрило во малолетен пешак. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска.

 Таа додава дека по овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

Како што информира за МИА портпаролот на ЈЗУ Општа болница Велес, Марина Андова, малолетникот бил прегледан на Одделот за Радиодијагностика по што било утврдена скршеница на левата потколеница, и по дадената лекарска помош поради тежината на повредата малолетникот бил препратен на Клиниките во Скопје на понатамошно лекување. 

Популарно