Откако се повлече реката Црница, во Параќин владее вистински хаос. Водата позади себе остави ѓубре, но и тела од мртви животни.
Последиците од поплавите во Параќин се видливи бидејќи реката Црница почнала да се повлекува. На улиците владее вистински хаос, а илјадници објекти се поплавени.
Водата од водоводот не е за пиење, па поради тоа се поставени цистерни во градот и во околните села. Училиштата и градинките нема да работат во понеделник, а денес започнала и евиденцијата на штетите.