По кратко боледување, во Белград почина српскиот актер Бора Тодоровиќ. Неколку дена по операцијата на слепо црево, актерот се пожалил на болки и бил итно опериран. Лекарите констатирале дека имал мозочен удар, после кој, последните два дена не се будеше од кома.

Тој е роден во Белград, на 5 ноември 1929 година. Оствари големи театарски улоги, а на филмското платно дебитираше во 1967 година. Ќе остане запаметен по улогите во "Балкан експерес", "Мистер Монтенегро", "Балкански шпиун", "Дом за бесење" и многу други.