ФОТО: Сулејман ја изненади Шехерзат! ShareФилм на 9.2014Тајната роденденска забава за својата сопруга, турскиот актер ја организирал за нејзиниот 32 роденден. Берѓузар се расплакала од среќа кога ги видела своите пријатели и колеги кои ги собрал нејзиниот сопруг за да го прослават нејзиниот 32-ри роденден. Бидејќи роденденот на актерката е на 2 септмеври, Халит забавата ја организирал неколку дена порано за да биде сигурен дека ќе ја изненади својата убава сопруга. - Трогната сум и тешко ми е да ги сокријам емоциите. Овде се многу драги луѓе кои влијаеле на мојот живот. Родена сум под среќна ѕвезда - изјавила таа. Некои од пријателите на двојката на социјалните мрежи објавиле фотографии од забавата, а Берѓузар на Инстаграм објавила фотографија од градината на клубот која била украсена со големи зборови кои го сочинувале зборот „љубов“. Двојката е во брак до 2009 година и го имаат 4-годишниот син Али.
Естрада Холандија е дисквалификувана од финалето на Евровизија по инцидент што пејачот го предизвикал зад сцената