Имено, сексапилната манекенка веќе еден месец одржува часови по зумба, а пред да почне со нив била и на обука, каде што добила и сертификат за работа.
Марјана Станојковска, која во повеќе наврати досега покажа дека го обожава танцот, од неодамна стана и зумба инструкторка. Имено, сексапилната манекенка веќе еден месец одржува часови по зумба, а пред да почне со нив била и на обука, каде што добила и сертификат за работа.
Термините за часови се секој вторник и четврток, а во нејзината група веќе има над 20 девојки кои интензивно тренираат. Дека и лежи танцот и осмислувањето на кореографии потврди и со учеството во првата сезона од шоуто "Танц со ѕвездите", каде што победата и избега за влакно. Освен што се занимава со зумба, Марјана веќе извесен период е дел и од водителскиот тим на Лотарија на Македонија, а тука се и манекенските ангажмани, кои ги има во изобилство.