За поимот, политиката, движењето, концептот, војувањето, организирањето... за Голема Албанија се зборува со децении наназад во овие краишта. Повторно е топ тема во јавноста, овојпат и во европската јавност, по провокацијата со летање знаме на Голема Албанија закаќено на дрон, пред публиката и камерите на фудбалскиот стадион во Белград, за време на натпреварот Србија – Албанија.

Зборуваат сите, но малкумина знаат и кажуваат детали и факти од темата – што е тоа Голема Албанија?! Па, да видиме, што е тоа.
Голема Албанија — политички концепт кој има за цел да ги обедини сите етнички Албанци и територии каде што тие живеат, или наводно некогаш живееле, во еден ентитет. Може да се каже дека делумно признатата независност на Косово е една од фазите на овој проект, кој Албанците главно го нарекуваат „Етничка Албанија“ (Shqipëria e Madhe). Заедно со постоечката држава Албанија, терминот ги опфаќа териториите на соседните држави, вклучувајќи го Косово, Прешевската долина во јужна Србија, териториите во јужна Црна гора наречени Малесија, северозападна Грција (грчките регионални области Теспротија и Превеза, наречени од Албанците како Чемерија), и дел од западна и северна Македонија.
Обединувањето на оваа голема балканска територија во една држава под албанска власт беше покрената од Призренската лига, организација во XIX век која имаше за цел да ги обедини Албанските населени подрачја (и други региони) во еден автономен албански вилает во склоп на Отоманската империја.
Целата статија прочитајте ја на Медиа.мк