ВИДЕО: Скопје - Дадилка тепа бебенце!!!

Со овој Фејсбук статус, родителите на малиот Дарјан се пожалија на јавноста.

„Пријатели...

Со голема болка и уште поголем гнев го постирам ова видео...Сакам сите да видите што држи земјава....

Тоа кутро малечко бебе за кое се зборуваше во вестите,а ќе го видите во видеово е мојот внук Даријан...

Оваа жена -монструм "се грижеше" за Даријан 5 месеци,а ова видео е од само еден ден...Камерата ја постави брат ми,со сомневање дека нешто се случува откако на Даријан му пронаоѓавме модрици по телото и главата!

Не ме прашувајте низ каков шок и траума поминавме кога ја пуштивме камерата...

На ова никој нема да остане рамнодушен!

Овој монструм од жена е таму каде што припаѓа и се чека голема затворска казна!!!

Фала му на Бога Даријан е добар...

Помина премногу испитувања и има траума која се надевам нема да му остане во сеќавање...

Фала на Бога исто така што останавме присебни и не ја земавме работата во свои раце како што би направил секој,туку верувавме во државните органи.

Ова е монструмски чин и срам што сме го гледале по you tube,но еве го споделувам за да знаете сите дека го има и кај нас!Не му посакувам на никој вакво нешто да искуси!

Чувајте ги и сакајте си ги вашите дечиња...И за да не се повтори ова внимавајте на кого ги доверувате вашите деца!

СПОДЕЛУВАЈТЕ!“

dadilka-01

За случајот се огласија и од Јавното обвинителство.

„По проучување на кривичната пријава и доказите, јавниот обвинител најде дека постои основано соменение за сторено кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 од Кривичниот законик, за кое е запретена казна затвор од една до десет години. При тоа, донесена е Наредба за спроведување истражна постапка и до Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесен е Предлог за определување на мерка – Притвор против осомниченото лице, поради постоење опасност од повторување на делото“, ­ соопштија од Јавното обвинителство.

Коментари

Популарно