Зошто Левов е подобар од Хансен

Пред вечерашниот директен дуел на овие двајца ракометари, да направиме мала споредба помеѓу нив.

-Хансен нема одиграно ни една минута во Лигата на Шампионите оваа сезона, Левов има

-Левов никогаш не играл против Македонија, прав патриот, Хансен играл

-Левов му е замена на најдобриот денсен бек во светот, Кире Лазаров, Хансен не му е ни замена

-Левов е 100% во обидите на голот на Светските првенства во ракомет, Хансен е далеку од тоа

-Со парите кои за Хансен ги потроши ПСЖ можеше да го купи Карабатич, што значи дека Хансен е заменлив. Со парите кои Металург ги даде за Левов не може ништо да се купи, Левов е назаменлив

-Хансен промаши многу шутеви во финалето на Европското првенство во Србија, Левов не промаши ниту еден

-Левов нема ниту едно промашување на Европски,Светско првентво ниту пак Олимпијада, Хансен има

-Левов нема промашено пенал за репрезентацијата, Хансен има

-Кога тимот за кој настапува Хансен води 10 разлика тој излегува од игра. Кога тимот за кој настапува Левов води 10 разлика Левов влегува во игра. Левов ги дотолчува противницоте, Хансен не.

-Левов може да игра крило и бек, Хансен не

-Хансен не знае да шутира со лева, Левов знае

-Левов има многу подобра фризура од Хансен

-На Левов не му треба трака за коса

-Левов никоаш немал слаб ден за Барселона, Хансен имал

-Катар го чуваше Левов со фластер, не и Хансен

Целта на статијава е да се насмееме и опуштиме пред вечерашниот натпревар со Данска. Воопшто немам намера некого да навредам или омаловажам. Милан Левов е репрезентативец на Македонија и со самото тоа го заслужува мојот респект. Можеби не е ракометар од светска класа, но не сум ни јас. И додека Левов ја преставува Македонската држава на Свестко првенство, јас мојот раскошен спортски талент го покажувам само на маалски терени.

Коментари

Популарно