ЛОШО СИ ПОМИНАЛЕ: Мигранти задевале девојки во руска дискотека, а потоа...

русија

Мигрантите од Блискиот исток кои излегле во еден популарен клуб во близина на Норвешката граница, во Мурманск, почнале да ги вознемируваат младите Русинки и сфатиле, но предоцна, дека не се во Европа.

Руските мажи, како што требало да си претпостават и како што повеќето луѓе знаат, се многу различни од оние во Европа.

Иако полицијата не сака да зборува за тоа, на друштвените мрежи врие од коментари во врска со инцидентот што се случи во Мурманск.

Проблемот се случил кога Норвешка исфрлила 50 мажи од Блискиот исток поради „лошо однесување“ и ги вратиле во Русија, низ која поминале до „земјата на медот и млекото“. Кога повторно се собрале во Русија, мажите одлучиле да се забавуваат во локалната дискотека „Гандвик“ и заборавајќи каде се наоѓаат, почнале да ги задеваат Русинките.

Според коментарите на друштвените мрежи, мигрантите се обиделе да побегнат и да се сокријат, но Русите ги пронашле и им одржале лекција. Ако не пристигнеле голем број полицајци на местото на настанот, работите можеле да ескалираат. За работата да биде уште полоша за мигрантите, полицајците кои пристигнале на лице место не покажале толеранција за нивното однесување.

Како резултат на инцидентот, 18 мажи завршиле во болница, а 33 во притвор.

- Добредојдовте во Русија. Воодушевени сме што имаме посетители, не не смеете да заборавите, вие сте тука гости, рече еден од учесниците во инцидентот.

Коментари

Популарно