На брегот на германскиот остров Лангеог, морето исфрлило десетици илјади киндер јајца.
Ова се случило само еден ден по страшната бура во таа област.
Плажата била преполна со сини, жолти и црвени пластични капсули со играчки. Многу деца и возрасни се упати на плажата и со радост ги собирале.
Сепак, за началникот на Лангеог, Уве Гарелс ова воопшто не е убава вест бидејќи според него ова се должи на тоа што пет контејнери паднале од товарен брод за време на бурата.
Според него ова е еколошко загадување и закана за животинскиот свет.