Уште денеска студ, од утре...

Денеска е недела, 23 април 2017 година, 113-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 252 дена. 

Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 43 минути,  а ќе зајде во 19 часот и 22 минути.

Денов трае 13 часа и 39 минути.

Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее 4 часот и 6 минути, а ќе зајде во 15 часот и 51 минута.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно. Попладне во северните делови ќе има краткотраен слаб дожд, а на планините слаб снег. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, кој вдолж Повардарието и во Пелагонија повремено ќе се засилува.

Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од 13 до 21 степен.

Во Скопје слично време, променливо облачно, попладне со краткотраен слаб дожд. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до 17 степени.

Од утре под влијание на јужно воздушно струење ќе преовладува стабилно, суво и топло време со пораст на утринската и дневната температура. 

Коментари

Популарно