ВИДЕО: Денеска е осветување на Храмот на Христовото Воскресение

Кога Светата царица Елена го пронашла Господовиот Крст во Ерусалим, во таа прилика се задржала подолго во овој Свет град и изградила цркви во Гетсиманија, во Витлеем, на Елеонската Гора, како и на други прославени места од овоземниот живот и подвиг на Исус Христос. А на Голгота, каде што и го пронашла Чесниот Крст, започнала да гради огромна црква под чијшто покрив се наоѓала и самата Черепница каде што беше распнат Господ, како и местото каде што Го погребаа. Светата царица сакала под едно место да ги соедини местото на Неговото страдање и местото на Неговата слава.

Коментари

Популарно