(ФОТО) Кој го уништува споменот на Дуња?

Поминав покрај Жена-парк и видов дека е осквернавено спомен-обележјето на Невена Георгиева Дуња - првата македонска партизанка.

Тоа што некој го допишал, не ќе да е баш така, зашто Дуња е опеана како загината од велешката контра-чета, предводена од Пано (Николов) Манев - познат како велешки војвода на ВМРО.

На оваа неточност реагираа и велешките антифашисти во 2005 со писмо во Утрински весник:

„Ова е вистината за Невена Георгиева-Дуња 

Одбор на семејствата на загинатите борци осуденици, интернирци и жртви на фашизмот од НОАВМ - Велес 

Во вашиот весник од 25 јули 2005 година во рубриката "Времеплов° има една неточност. Невена Георгиева-Дуња, млада македонска партизанка-борец во Велешкиот партизански одред - учесник во НОВ, не е убиена од бугарската полиција, туку од велешката контрачета, којашто се бореше заедно со бугарскиот фашистички окупатор против народноослободително движење. Велешкиот партизански одред "Димитар Влахов° беше нападнат од велешката контрачета во близина на селото Папрадиште, и таа е убиена од контрачетниците во борбата што се води на 6 декември 1942 година. Еве што кажува командирот на велешката контрачета, Пано Николов-Мане од село Ветерско, Велешко, покрај другите злосторства што ги правел, еве што кажува за ова злосторство. "Во тоа време почнаа да пукаат одозгора и ми кажаа дека имало шест души и побегнале кон Јакупица. По малку дојде во Нежилово групата што се бореше и П. Г. од Велес ја донесе главата на една партизанка. Ни кажаа контрачетниците дека главата била на една партизанка од Скопје и ја викале Дуња (Невена Георгиевска Дуња). Неа на 2 декември 1942 година ја убија Ристо од Ораовец, Апостол од Еловец и Петре од Отишино, а Тоде од Нежилово и ја пресекол главата. Тој за ова заедно со своите другари од околискиот полициски началник од Велес добиле 40.000 лева. Главата и ја пресекле таму каде што била убиена. Од Нежилово до Богомила јас наредив да ја носат главата на партизанката по целиот пат за коса за да ја гледаат селаните и да се плашат. Во Богомила главата ја предадовме на полицискиот участок (полициска станица - н.з.). Полицијата во еден чевларски дуќан во Велес ја стави во излогот на главната улица за да ја гледа народот и да се плаши. Командирот на контрачетата и другите контрачетници (со исклучок на П. Г. од Велес) се осудени и стрелани. 

Ова е вистината за овој настан.“

Велешкиот војвода е прикажан како жртва на комунизмот во „Музејот на македонската борба“, заедно со другите жртви од „велешкиот колеж“.

Невена Георгиева Дуња не е претставена во „Музејот на македонската борба“ иако е дел од првите 12 партизани кои го основале Скопскиот партизански одред на 22 август 1941 година.

Коментари

Популарно