ФОТО: Чанинг Тејтум и Џеси Џеј ја потврдија врската на Инстаграм

Половина година после разводот од Џена Деван, актерот Чанинг Тејтум веќе се заљубил во друга жена.

Станува збор за пејачката Џеси Џеј, со која во последните неколку месеци повеќе пати е виден во јавноста, а сега својата врска ја потврдиле и на Инстаграм.

Иако тоа не го направила директно, Џеси на Инстаграм-стори објавила видео од лондонската премиера на претставата „Magic Mike“, во која глуми Чанинг, на кое го означила само него и му честитала.

Ако е објавено на Инстаграм, тогаш е и официјално, зарем не? Всушност, зошто Чанинг би ја земал Џеси со себе во Лондон, ако не му е девојка? Затоа ова може да се сфати како прва потврда на нивната врска, од страна на едниот од нив, бидејќи досега сè беше засновано само на гласини и изјави од очевидци.

Коментари

Популарно