Видео: Играчите на Волфсбург работат во супермаркет, Борусија Дортмунд го отстапи стадионот за болница

Бундеслигашките клубови покажаа единство во оваа пандемија со коронавирусот. Речиси сите клубови тренираат во домашни услови и чекаат информација околу продолжување на сезоната, а околу солидарноста доаѓаат само добри вести.

Најпрво четирите најдобри клубови Борусија Дортмунд, Баерн Минхен, Лајпциг и Борусија Менхенгладбах одвоија средства за да им помогнат на другите клубови.

Навивачите на Борусија Дортмунд донираа средства за набавка на медицинска опрема, а тимот го отстапи својот стадион за привремена болница за справување со коронавирусот.

Сега доаѓа вест и од тимот на Волфсбург. Нивните играчи денеска утринава заминаа во еден супермаркет, каде им помагаа на вработените во маркетот кои се на „удар“ во моментов, со оглед дека многумината одат во набавка на храна и намирниц како потоа би се изолирале во домашен карантин.

Коментари

Популарно