Рецепт за најсочните кременадли
Послужете ги со прилог и салата по желба.
СОСТОЈКИ:
500 гр кременадли
сол
бибер
масло
1 лажица ајвар
соја сос
лук
1 лажичка пченкарен скроб во прав
1 лажица јаболков оцет
вода
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Кременадлите малку исчукајте ги помеѓу фолија, па посолете и побиберете. Во тава загрејте масло, па ставете го месото. Ставете малку вода и поклопете. Динстајте додека не омекнат.
Во сад ставете оцет, пченкарен скроб, ајвар, лук и 50 мл вода. Убаво соединете да не останат грутки.
Издинстајте ги кременадлите со соја сос и додајте 1 лажица ајвар и оставете уште малку да крчкаат. Потоа ставете сос (оцет, лук, ајвар, пченкарен скроб, вода) и оставете 2-3 минути.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Готви.мк