ЈП Водовод и канализација – Скопје известуваат дека нивни екипи утрово ќе го санираат дефектот поради кој корисниците на улицата „Бањалучка“ и дел од улицата „Женевска“ во општина Карпош од 1 часот по полноќ немаат вода.
Од ЈП Водовод и канализација известија дека прекинот во водоснабдувањето е поради уличен дефект ф 100 мм на ул. „Бањалучка“ бр.24.