Фото: Најшарената македонска улица во Струмица

Оваа атракција ја краси Струмица поточно нејзината најпозната улица – Леблебиџиска. Во текот на летната сезона граѓаните и туристите ќе можат да уживаат во прекрасната глетка која ја создава уметничката инсталација. Така, илјадниците шарени чадори создаваат прекрасна шарена сенка, па сите ќе можат да уживаат под магијата која што ја создаваат овие шарени креации и за миг да се почувствуваат како да се дел од авантура на Мери Попинс.

3e913c4a451f84d483d86b96d22f04a2ad4ddc8c7e9d630639259ddd7d45cbb1

1

cadrori 11

Поевтинуваат горивата од полноќ

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.05.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 86,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.05.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 74,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 73,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,602 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.05.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 44,007 ден/кг.

Цените на храната во земјава двојно повисоки од нивото на светските цени

Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска денеска оцени дека во земјава се уште нема позначителни надолни прилагодувања кај цените на храната. Ако се спореди нивото на цените на храната со предпандемискиот период, тие, рече, се речиси двојно повисоки од нивото на светските цени на храната.

Одговорајќи на новинарски прашања по презентацијата на најновите макроекономски проекции, Ангеловска-Бежоска истакна дека е позитивно тоа што согласно меѓународните финансиски институции, се проектира натамошен пад на цените на храната оваа година, а стабилизирање на нивното ниво наредната година, што остава простор за одредени надолни корекции.

-Ако се погледне движењето на светските цени на храната од средината на 2022 година, има речиси континурано намалување, но според последните податоци, се уште не се вратени на предпандемиското ниво и се повисоки за околу 17 - 18 отсто. Доколку овие трендови ги споредиме со трендовите во домашната економија, може да констатираме дека не се целосно синхронизирани. Кај нас, растот на цените на храната почна подоцна од растот на светските цени на храната и се уште не гледаме позначителни надолни прилагодувања кај цените на храната.

Таа потсети дека ценовната политика е детерминирана од повеќе фактори.

Реулаторна ќе објави нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за новите цени на горивата.

Согласно последната одлука на РКЕ, цените на бенизините и дизел горивото останаа непроменети.

Ова се актуелните цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 74,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 44,609 (денари/килограм)

Популарно