ФОТО: Македонските цариници се шокирале кога му го отвоиле куферот!!!

Царинските службеници од граничниот премин Блаце спречија обид за криумчарење на пури и алат во вкупна вредност од околу 340 илјади денари.

apsenje carinici

На 24.04.2015 година, во утринските часови, на граничниот премин Блаце, за влез во Република Македонија се пријавил германски автомобил Golf управуван од грчки државјанин, кој на прашање на царинските службеници, одговорил дека нема што да пријави за царинска контрола. Сепак возилото било селектирано за детален преглед, при што под задното седиште, под и позади седиштето на совозачот и во багажниот простор, се пронајдени 227 пури и поголема количина алат за столарија и градежништво, со вкупна вредност од.338.536 денари. Против возачот е поднесена кривична пријава поради основано сомневање дека е сторено кривично дело „Криумчарење“, по што Основниот суд Скопје 1 Скопје истиот го огласи за виновен и му изрече условна затворска казна, одземање на стоката предмет на кривичното дело и протерување од државата во времетраење од 5 години.

Покрај тоа, во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани лекови, витамини, агрегати за струја, делови за ЛЕД светилки, употребувани печатари, мобилни телефони, моторцикл, автомобилски бандажи со гуми, регистарски таблички, пиротехнички средства, ранци, парфеми, тоалетни води, дезодоранси, опрема за риболов и цигари.

Задржана е следната стока:

Лекови и витамини

- 11 шишиња од по 100 ml антибиотик STREPTOMYCIN се откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Меџитлија. Непријавените производи, за чиј увоз е потребна дозвола од издадена од Биро за лекови, се пронајдени во џеб од јакната на сопатникот во возилото, македонски државјанин.

- 540 капсули витамини и магнезиум YVES ROCHER (18 пакувања по 30 капсули) се откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на патните торби на француска државјанка, која допатувала со лет од Белград. Покрај тоа во багажот на патничката се пронајдени и 5 пара наочари, од марките LOUIS VUITTON и RAY BAN.

Техничка стока

- 2 агрегати за струја од типот SE100E 4.2 kv иES100D 4.2 kv се откриени при контрола на грчки автомобил управуван од албански државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените агрегати биле пронајдени во багажниот простор и на задното седиште на возилото, покриени со најлонски вреќи.

- 15 трансформатори за LEDсветилки се откриени при контрола на бугарски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Деве Баир. Непријавените производи се пронајдени во багажниот простор на возилото.

- 12 употребувани печатари, откриени на царинската испостава Штип при контрола на стока испратена од фирма извозник од Германија, наменета за фирма од увозник од Штип. Увозникот пријавил за увозно царинење мултифункционални апарати за печатење, скенирање и копирање, но при контрола на стоката биле пронајдени 12 печатари што не биле опфатени со царинската декларација.

- 4 мобилни телефони марка Samsung GalaxyS4 mini и SamsungGalaxyS6 32 GB, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на патните торби на македонски државјанин кој допатувал со лет од Стокхолм.

Мотор, бандажи и регистарски таблички

- 1 мотор марка HONDA CRF450R8, во расклопена состојба, е откриен при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Возачот изјавил дека доаѓа од Италија и нема што да пријави за царинска контрола освен личниот багаж, но при извршениот преглед на возилото, во багажниот простор, покриен со патни торби и завиткан во црна најлонска кеса, бил пронајден непријавениот мотор.

- 4 алиминиумски бандажи со употребувани гуми се откриени при контрола на бугарски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ново Село. Непријавената стока е пронајдена во багажниот простор на возилото.

- 1 комплет бугарски регистарски таблички и сообраќајни дозволи од патнички автомобил се откриени на граничниот премин Деве Баир, при контрола на бугарски автомобил со кој за излез од државата се пријавиле двајца македонски државјани. Табличките се пронајдени во багажникот, а сообраќајните дозволи во фиоката за документи на возилото. Сопатникот во возилото, кон крајот на 2014 година, остварил привремен увоз на автомобил со бугарски таблички, но наместо повторно да го изнесе од државата го пуштил во слободен промет без да бидат спроведени пропишаните царински формалности и без да бидат платени увозни давачки за истото.

Пиротехника

- 635 огномети се откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автобус што сообраќал на релација Дортмунд-Охрид, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените пиротехнични средства се пронајдени во патна торба сопственост на македонски државјанин, патник во автобусот.

Останато

- 156 ранци, 38 парфеми, тоалетни води и дезодоранси и 2 пластични кукли се откриени во два одвоени случаи на скопскиот аеродром Александар Велики.

Во првиот случај, при контрола на патните торби на турски државјанин кој допатувал со лет од Истанбул, пронајдени се 156 ранци, а во вториот случај при контрола на патните торби на француски државјанин кој допатувал со лет од Париз, пронајдени се 38 парфеми, тоалетни води и дезодоранси и 2 пластични кукли за излог.

- 55 стапови за риболов и 12 механизми за конец марка DAM се откриени при контрола на германски автомобил управуван од чешки државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените производи биле пронајдени во багажниот простор и на задното седиште на возилото.

- 10 штеки цигари Kareliablue и Marlboro, без акцизни маркички, се откриени при контрола на грчки автомобил, управуван од грчки државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Меџитлија. Непријавените цигари се пронајдени зад задното седиште и во празнини околу моторот на возилото.

Граѓаните утре можат да пријавуваат повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Во канцеларијата на Народниот правобранител, утре од 7 до 19 часот, на денот на одржување на вториот круг за избор на претседател на Република Северна Македонија и на парламентарните избори, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321. 

Како што информираат денеска од канцеларијата на Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линијата, граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

-Исто така,  утре на денот на изборите дежурства ќе има и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996,  Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово на тел. бр.(044) 344-082, Битола на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488, се вели во денешното соопштение од Народниот правобранител. 

Народниот правобранител, нагласуваат оттаму, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право. 

Инфлацијата во април зголемена за 0,7 проценти во однос на март

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април во однос на март изнесува 0,7 проценти, а цените на мало се зголемени за 1,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.

Зголемувањето на инфлацијата е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во транспортот за 2,8 проценти, комуникации за 1,6 проценти, храна и безалкохолни пијалаци, облека и обувки за 0,9 проценти, рекреација и култура, ресторани и хотели за 0,6 проценти, разновидни стоки и услуги за 0,4 проценти и здравје за 0,2 проценти.

Намалување на трошоците на животот е забележано во групите мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,5 проценти и домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,2 проценти.

На исто ниво останале трошоците на животот во групите алкохолни пијалаци, тутун и наркотици и образование.

Цените на мало во април во однос на март се зголемени за 1,1 процент.

Во однос на април лани, трошоците на живот се зголемени за четири проценти, а цените на мало за 3,5 проценти.

Малолетник прегазен во Велес, пренесен во скопските Клиники

Во СВР Велес синоќа во 21:55 часот било пријавено дека на главната  улица „Благој Ѓорев“ во Велес, патничко возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 35-годишната велешанка М.Р.  удрило во малолетен пешак. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска.

 Таа додава дека по овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

Како што информира за МИА портпаролот на ЈЗУ Општа болница Велес, Марина Андова, малолетникот бил прегледан на Одделот за Радиодијагностика по што било утврдена скршеница на левата потколеница, и по дадената лекарска помош поради тежината на повредата малолетникот бил препратен на Клиниките во Скопје на понатамошно лекување. 

Популарно