Почина поранешниот кубански лидер Фидел Кастро, пренесува AFP. Информацијата беше потврдена од Раул Кастро, брат на легендарниот политичар.
Таткото на кубанската револуција го прослави својот 90-ти јубилеј во август оваа година.
“Командантот на кубанската револуција почина во 22:29 вечерва” (по локално време), изјави Раул Кастро во етерот на националната телевизија.
Фидел Кастро починал во петокот вечер во својот дом во главниот град Хавана.