Беше многу емотивно, но издржавме да не пуштиме солзи- вели Драган Стојаноски, син на легендарниот пејач Војо во чија чест се одржа концерт

Беше многу емотивно, но ете, издржавме до последно, да не пуштиме солзи, вели Драган Стојаноски, син на Војо Стојаноски, во чија чест, во петокот, во Кичево се одржа концерт по повод десет години од смртта на легендарниот пејач на народна музика.

Стојановски почина на 65 годишна возраст и зад себе остави голем број на песни и концерти одржани во Македонија и странство. Негови најпознати песни кои оставија трага во македонската народна музика се „Ти донесов млада невеста“, „Една мисла имаме“ и „Свадба голема“.

Концертот беше исполнет со многу емоции, имаше многу тага, болка…Но, наша цел беше да ја продолжиме неговата работа. Ние израснавме со неговиот аманат, да ја сакаме и да ја негуваме македонската народна песна, да го почитуваме народниот мелос, вели синот Драган.

Концертот, во сеќавање и спомен на Војо Стојаноски, како што кажа Драган, бил организиран во соработка со Културно уметничкото друштво „Нико Пусоски“ од Кичево. На концертот настапиле: Дамјан Стојаноски, најмладиот син од четирите деца на Војо, кој исто како татка си е пејач, Влатко Миладиноски, Дарко Стојаноски, Спасен Сиљаноски, Влатко Лозаноски – Лозано, Мирослав Мирчески, Мики Данилоски, Бранислав Стојаноски, Орце Богданоски, Марко Трпчевски, Драган Вељаноски и Кристијан Трајаноски со оркестарот на Златко Миладиноски.

На сите учесници им беше чест што настапуваат на концертот. Сите прифатија без збор. Дел од нив се млади, но растеле со музиката на Војо, додава Драган.

На концертот и внукот на Војо, Марко, син на Драган Стојаноски говорел со пиетет за својот дедо.

Му кажав, Марко, може да биде многу емотивно, дали ќе издржиш, а тој ми рече, сакам да кажам некој збор за дедо, вели Драган.

Војо беше татко на четири деца, ќерката Жаклина и синовите Жарко, Драган и Дамјан. Од нив, најмалиот, Дамјан, тргна по стапките на таткото и е пејач кој ја продолжува љубовта кон музиката и кон македонската народна песна.

Толку беше: Сопругот на Џенифер Лопез фотографиран без прстен

Поминаа неколку дена откако во јавноста протече веста дека бракот на Џенифер Лопез и Бен Афлек е во криза, а не му требаше многу време на популарниот актер со едноставен гест да покаже дека љубовната среќа завршила.

Многумина не сакаат да веруваат дека на приказната за повторното обединување на Бенифер и дојде крајот, но се чини дека е така. Откако парот не беше виден заедно повеќе од еден месец, тие се собраа за училишната претстава на 15-годишниот син на Бен, Фин, а ноќното возење низ Лос Анџелес откри дека Афлек си го извадил прстенот.

Популарниот актер беше фотографиран како вози црно БМВ, а папарацо фотографиите открија дека венчалниот прстен веќе не може да се види на неговата лева рака, поради што може да се заклучи дека Афлек завршил со поглавјето со Џенифер Лопез.

Странските медиуми пренесуваат дека парот не живее заедно веќе неколку недели и дека Афлек се иселил од нивниот заеднички дом.

Дека целата ситуација не е едноставна и дека не сакаат така лесно да се откажат, открива и извор кој тврди дека посетуваат брачен терапевт и се обидуваат да ги израмнат проблемите: „Бен, до одреден степен, верува во терапија и е подготвен да учествува во се со отворен ум, иако всушност го мрази целиот тој понижувачки процес. Тој никогаш нема да го мери успехот на овој брак со она што се случува во канцеларијата на терапевтот. Тој, исто така, има поголема толеранција за конфликти и борби од просечниот маж“.

Популарната уметница од Бруклин е посветена на кариерата, а врската со сопругот ја ризикувала поради работата.

Во својот последен проект, таа им кажа на фановите сè за нејзината врска со Афлек и покажа некои од нејзините најинтимни спомени. На последниот албум таа пееше за нивното помирување, а само три месеци подоцна брачната среќа заврши со бродолом, што може да доведе до четврти развод на популарната Лопез.

Британците се загрижени за „љубовницата“ на Вилијам: ТАА ГО ПРЕЗЕМА ЖИВОТОТ НА КЕЈТ

Јавноста беше преплавена со веста дека наводната љубовница на принцот Вилијам се облекува како принцезата Кејт Мидлтон.

Медиумите веќе неколку пати пишуваа за наводната љубовница на принцот Вилијам, Роуз Ханбери, која дури и е пријателка на Кејт Мидлтон, а како што велат, таа веќе се појавува на нејзино место на некои настани и се заканува дека ќе ја преземе нејзината улога.

Како што пишува Дејли Мејл, Роуз има одлични односи со кралицата сопруга Камила, а пријателството со принцезата од Велс се должи на тоа што Роуз и нејзиниот сопруг живеат во близина на Кејт и Вилијам.

Роуз неодамна беше видена во друштво на кралицата Камила на настан за обожаватели на коњаници, а само неколку дена подоцна, нејзиниот син беше виден како носи мантија на кралот Чарлс во катедралата Свети Павле.

Поради сето ова, како и сличната облека, па дури и капата што некогаш ја носеше Кејт, многумина почнаа да коментираат како Роуз ја презема нејзината позиција и полека станува дел од животот на членовите на кралското семејство.

„Таа го презема животот на Кејт Мидлтон“, „Дали Роуз мисли дека е принцезата од Велс?“, „Оваа морничава жена се преправи во Кејт“, „Зошто повторно виси околу кралското семејство?“... се некои од коментари.

Популарно