Ванковска: Дали Албанците во Македонија се толку кусогледи за да не ја видат оваа проѕирна националистичка манипулација

Професорката Билјана Ванковска на својот Фејсбук профил, уште еднаш го искажа ставот за евентуалното донесување на Законот за јазици во собранието и целата процедура околу истиот.

- Законот за јазиците, доколку биде донесен како што се најавува (а работите така стојат во моментов), ќе остане запомнет како епитаф на (правната) држава во Македонија: предложен и процесиран во флагрантно неправна постапка, со материјални одредби кои се неприменливи и противуставни, и со изгласување по истекот на рокот од 30 дена од првото изгласување, по што Претседателот стави суспензивно вето. Ова треба/ше да биде аларм за сите што имаат макар елементарно правно знаење или барем правна култура. Но, не е така: си молчат или спинуваат (дека критичарите на законот се само обична сурија, прасиња, примитивци,националисти и албанофоби). Правната битка ќе продолжи, колку и да изгледа бесполезна, но политичките и општествените последици ќе бидат катастрофални. Безбедносните прогнози стануваат се' полоши. Не знам кому ќе му донесе добро закон со кој се газат елементарните претпоставки на правната држава? Се прашувам: дали Албанците во Македонија се толку кусогледи за да не ја видат оваа проѕирна националистичка манипулација, која сите заедно не' чини скапо и во смисла на елементарните демократски претпоставки, и во финансиска смисла, но и во социјална и безбедносна.

Тошковски фокусиран на системот за следење на сообраќајот преку камери

Се работи на техничко решение, но ни е потребно и законско, за да се воспостави функционален систем за следење на сообраќајот преку камери, информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Тој нагласи дека целта е што поскоро да се активираат камерите за идентификација и казнување на сообраќајните прекршоци, со цел да се намалат жртвите во сообраќајот и да се подобри сообраќајната култура.

Поставувањето на камерите треба да биде во служба и на криминалистичката работа на Министерството за внатрешни работи.

„Се фокусираме на обезбедување на техничко решение, а во моментов работиме и на законски аспекти кои ќе ни овозможат функционален систем. При започнувањето на проектот не беше разгледувано како ќе функционира целиот систем, колку казни ќе се изрекуваат дневно, како ќе се обработуваат тие прекршоци, и кој ќе ја води постапката. Потребно е да се разгледа зголемување на бројот на вработени кои се занимаваат со изрекување прекршоци. Судиите моментално се оптоварени, еден судија во Скопје работи на повеќе од 2000 предмети дневно. Целта ни е да видиме конкретни резултати во намалувањето на жртвите и подобрувањето на сообраќајната култура“, изјави Тошковски за време на посетата на Јегуновце.

 Тој појасни дека камерите ќе утврдуваат прекршоци во три области: погрешно паркирање, преминување на црвено светло и недозволена брзина.

„Ако сакаме да избегнеме стотици жртви годишно, мораме значително да ја подигнеме сообраќајната култура“, истакна Тошковски.

 На новинарско прашање за тоа колку граѓани сè уште не ги обновиле личните документи, тој потврди дека бројот е мал и дека проблемот е решен пред еден месец.

„Останат е мал број документи. Не можам точно да кажам колку. Не е точно дека треба да се реиздадат еден милион возачки дозволи; веројатно станува збор за околу 200,000. Имаме капацитет да го направиме тоа. Дезинформациите што се шират од некои луѓе кои не ја сакаат државата, не можат да не дефокусираат. МВР ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните“, изјави Тошковски.

Веќе слободно може да се шетате по шумите

По извршената процена за намален ризик за појава на шумски пожари на површините под шума и шумско земјиште од страна на ЈП „Национални шуми“– Скопје и на нивно барање:

 Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе согласност за отповикување на целосната забрана за движење во шума и на шумско земјиште донесена на 15.07.2024 година со арх. број 49-6233/2, согласно со член 57 став (3) од Законот за шумите („Сл. Весник бр.64/09, 24/11, 53/11, 25/13, 79/13, 147/13, 43/14, 160/14, 33/15, 44/15, 147/15, 7/16, 39/16 и 274/22).

Тетово под вода - се испумпува вода од домовите

Невреме со силни врнежи од дожд, град и грмотевици попладнево ја зафати Општина  Тетово и околината.

Врнежите предизвикаа поплавување на дел од улиците, посебно кај касарната на влезот на Тетово и на неколку куќи во Мала Речица-Општина Тетово. Во улицата спроти касарната поплавени се  гаражи, дворови а сопствениците поставуваат соодвртни бариери за  заштита од водата да не навлезе во домовите. Поради поплавените улици отежнато се одвива и сообраќајот во овој дел од градот.  ТППЕ-Тетово, ЈКП-Тетово и одговорни лица во Општина Тетово веќе интервенираат  со соодветна механизација- багери, но исто така веќе и  ТППЕ-Тетово е на  терен и врши испумпување на водата од поплавените објекти.

Популарно