Стефан од Свети Николе „заглави“ во болница во Норвешка - еве што има да ви каже

Поболе се нешто по воа северот тука, по вие виулици, снегои и мрачни денови и дојде у допир со надалеку чуеното "норвешко здравство".

Некој вирус сам фанал од некаде, неможам нити името да му га згодам како шо треба, али легна ме у кревет и однесе ме до болница у Норвешка. Па би сакал да ви га објаснам тоа искуство и како здравството функционира тука.

Локалниот доктор ме прати, нема упут, нема папирологија, само се јави до најблиската болница, најави ме, a у меѓувреме сестрата на шалтер викна ми такси.

Таксито кошташе околу 55 евра, ја плати само 15 евра, рестото часте норвешкио здравствен фонд.

Стигнувам у болницата, чисто маме му. Иду на втор спрат, само шо се качи, прашува ме сестрата, (лошо изговорено) Стефан Атанасов? Викам да. Уведува ме у соба, за мене спреман кревет со сите кул гаџети, да подигнеш глаата на копче, спушти нозите ако смрдат и слично. Нараквица со мое име презиме, норвешкио матичен и бар код ме чекаше на кревето. Измери ми висина, тежина, ташаците (огромни), температура, све како шо треба. Малку вежбаа додека ми најдеа вена, али после секоја инфузија само гу стават на истото цревцe, па страо од боцкање беше само тк.

После неа трујца доктори ме прегледаа темелно, од глава до пети. После докторите, една сестра дојде и 7 пати ми зема крв, и не, немат ги оние стаклените епрувети од лабараторијата у амбулантата у наше село, него имат некои фенси пластични, а ќе речат еколошки свесни скандинавци, они пластика користат. Оно два пати ме бцна сестрата али напуни 3 такви пластики и 4 шишенца со чудни течности унатре.

Сестрата ме праша дали има нешто шо не сакам да јадам, кажа и дека не сам голем фан на кавијар, она речиси не се ни насмеа, немат смисол за хумор тука луѓето.

Од таа соба, ме префрлија у друга, објаснија ми дека таа соба гу користат за преглед, ја потстана да се облечам да отидам до другата соба, они не, лежи, тоа кревето со тркалца со све, абе норвешка технологија, одвезеа ме до другата соба а мене глупо ми, не су навикнат на такво гостопримство. Како сакат се осеќаше.

Вечерта одмараше, сестрите нон стоп доаѓаа прашуваа шо сакам да јадам, нешто специфично, викам абе лебче некое не ќе биде лошо. Донасање чадено од елен, шкампи, кашкавал, шунка, сос некој, парчиња овошје, зеленчук. Донесеа ми и сладолед, сестрата рече дека помагало околу отечените крајници. На дугме можеш да ги викнеш сестрите, реагират за пет секунди. Дали сакам овошен сок, каков сакам чајо да ми биде, сладоледо чоколаден, ванила или овошен сакам, абе цитрони ми ги направија.

Собата со поглед на норвешките планини, плазма пред тебе за добар поглед на Светското, уште пиво да служеа и уопште нема причина да испаднеш од там. Тоалет, секако у соба, нешто шо ни дел од студентите кај нас га немат,опремен со шампон, сапун, ракавици, маски, тоа без мирис и укус за мачкање на руките за дезинфекција, туш, регулатор на температурата у тоалето, генерално кажано, солидно опремено.

Првото утро, многу за никаде се осеќаше, дојде сестрата, праша ме шо би сакал за доручек, донесе ми нешто али не можеше тоа да га јадам и само начна. После два саати викам и сестро, виа тука шо немате Подравка супа немате, него некоја жуткаста, со "нудли"? Отиде девојчето, најде, потопли и донесе ми.

После тоа дојде докторо, главнио, едно старо бате, он да ти бил Швеѓанец. Ооо уште еден имигрант викам си, мислу си која ли е сиромаштијата у Шведска чим мора у ваа недојдија да кцкаш. Царо еден саат ми објаснува за дијагнозата, шо е уствари проблемо со мене, како би можел да га добијам тоа, уздуж и попреку све ми кажа, можу слободно да докторирам на темата. Најбитно ми беше шо не се лечило со апови, морало моето тело само да среде проблем. Мислу си, ооо царе, ако чекаш ти од овоа тело да стане и да заврше работа, заебал си се. Шефчето вика, а почну да јаду, одма ме пушта дома.

Втората вечер изгледа ги вторите четвртфиналиња, сладоледо вечерта овошен беше по мој избор, али вечерата ме разочара, немаше шкампи.

Сабајлето дојде па вај шведскио имигрант, тужан беше малку пошо енглезите тепаа ги претходната вечер швеѓаните, и царо ме прашува дали сметам дека би можел да си одам дома. Секако бе, викам му, дека ќе си бегам, не е проблем.

Средија там у компјутеро, дадеа ми боловањето и дојде време за плаќање, е тука цареви почна да осеќам дека ќе ме боле многу.

Идам на шалтеро, прашувам колку треба да платам. Чуде ми се сестрата, вика момак, чим работеш у Норвешка, нема шо да плаќаш, седни таму и чекај га таксито, сга ќе дојде да те збере.

Таксито назад до дома кошташе повеќе од 70 евра, па плати само 15, да живее норвешкио здравствен фонд.

И тоа цареви у кратки црти е мојто норвешко болничко искуство. Сите тие глупаци шо на телевизија промовират апарат шо Министерството за здравство га купило за некоја кутра здравствена установа низ нашата држава, слободно можете да им се поплукате у фацата а истото да га направете и на сите сегашни, бивши и утрешни министри за здравство. Ја искуство со болница у нашата недојдија не сам имал, али сведочењата на други се трагични, нека се барем и половично вистинити.

Кога вака ќе функционира нашто здравство, може да праемо муабет за Европа, за значењето на идентитетот, шо значи ерга омнес, дали има интелигентен живот на друга планета и сите други дебати шо ги водемо по кафаните до ситните саати додека немамо основни услови да преживеемо у болница у 21ви век.

Викендов ни доаѓаат два големи празници пред Велигден

На 27 април е Лазарова сабота, еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус. Лазарова сабота е променлив празник и секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, кои се точно една недела пред најголемиот празник Велигден.

На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и убиството на Христос на Голгота. На Лазарева сабота обичај е да се носат гранчиња од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во Ерусалим, каде што го пречекале следбениците.

На овој ден обично се оди на река и се вели: Колку далеку го фрлив овој камен, толку подалеку да биде змијата од мене! Дента се бере цвеќе, но не се внесува дома, туку важно е да се остави во дворот. Потоа со цвеќето се кити домот, а со водата каде стоело се замиваат домашните.

Во Македонија групи девојчиња – Лазарки, облечени како невести одат и пеат лазаревски песни, како обичај за големиот празник.

Лазарова сабота

„Еве, сега е времето благопријатно; ете, сега е денот на спасението: да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на Светлината. Да одиме чесно како дење“ (2 Кор. 6, 2) – зашто ни се приближува сеќавањето на спасоносните Христови страдања, се приближува нова, голема и духовна Пасха, награда за бестрастието (палмовото гранче), почетокот на идниот век. Тоа го најави Лазар, кога излезе од оние кои се скриени во пеколот; по заповедта на Божјиот Син, Кој има власт над животот и смртта, оној кој четири дена беше во гробот, стана од мртвите. Кога било извршено чудото над Лазар, и кога Христос јасно истакнал дека Тој е Бог, народот го прифатил тоа и поверувал, додека некои кнезови, односно книжници и фарисеи, биле далеку од верата, па неразумно смислувале лоши работи против Него и со своето безумие сакале да Ги убијат Оној, Кој преку тоа што го рекол и направил се претставил како Господар на животот и смртта. Овие зборови, иако заради народот изговорени во вид на молитва, не биле молитвени зборови, туку зборови на власт: „Лазар, излези надвор!“ – и Лазар веднаш, иако четири дена мртов, застанал жив пред Него; зарем не биле едно заповедта и молитвата на Животодавецот? Тој викнал со силен глас, и тоа заради присутните, бидејќи можел не само тивко, туку и само со волјата да воскресне, и тоа оддалеку, додека каменот с? уште лежел над гробот. Тој, пак, му се доближил на гробот и им рекол на присутните да го тргнат каменот, а овие го почувствувале непријатниот мирис на распаѓањето и тогаш Тој со силен глас му се обратил на Лазар, го повикал кај Себе, и токму тогаш го воскреснал. И сето тоа, за тие да видат со сопствени очи, бидејќи биле крај гробот, со сопствениот нос да ја почувствуваат смрдеата на мртвото тело кое четири дена било во гробот, и со сопствениот допир да почувствуваат – затоа што со своите раце го допреле каменот кога го отстранувале од гробот, потоа плаштаницата и убрусот на главата кога го одвивале, како и лично да го чујат Господовиот глас, кој допрел до ушите на сите присутни. Значи, преку сето тоа, тие поверувале дека Тој е Оној Кој „го повикува непостоечкото кон постоечко“, Кој се носи со силата на Своите зборови и Кој на почетокот со еден Свој збор се доведе од небитие во битие. Свети Григориј Палама.

Веднаш по Лазарова сабота е празникот Цветници. Познат уште и како Цветоносна недела и Врбица, секогаш е една недела пред Велигден и се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери со цвеќе и врбови гранчиња, како и со својата облека, му го постилале патот.

Неделата, една седмица пред Велигден е празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица, што се празнува во спомен на влегувањето на Исус во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери кршеле цвеќе од дрвјата и врбови гранки и со нив, како и со својата облека му го постилале патот по кој минувал. Саботата пред Цветници се вика Лазарева Сабота или Лазарица, односно Лазара. Според преданието, во саботата умрел Лазар од Витанија, а во неделата Исус го воскреснал. Поради тоа во народот неделата се смета за поголем празник од саботата.

Според тогашните закони учител можело да биде само лице што наполнило триесет години. Исус веќе четврта година го проповедал своето учење, а бидејќи за Пасха мноштво народ доаѓал во Ерусалим за да го прослави празникот и Исус по четврти пат доаѓал како учител.

Но тогаш разбрал дека неговиот пријател Лазар од Витанија е тешко болен. Исус веднаш се упатил таму, но стигнал четири дена по неговата смрт и по погребот. Сестрите на Лазар, Марта и Марија, го прекориле Исуса велејќи му дека ако дојдел на време немало Лазар да умре. Марта му рекла: „Господи, ако беше Ти овде, немаше да умре брат ми. Но и сега знам што и да посакаш од Бога, Бог ќе ти даде“.

Легендата вели дека Бог сакал Лазар да умре за врз него да се манифестира силата Божја. Кога дошол до гробот, Исус го повикал Лазара: „Лазаре, излези надвор“. И Лазар веднаш излегол завиткан со платно на рацете и нозете и со крпа околу лицето. Сите што го виделе тоа се почудиле и поверувале дека Исус е синот Божји. Со овој чин Исус уште повеќе се здобил со слава. И пак се упатил кон Ерусалим.

Кога стигнал во подножјето на Маслиновата гора, Исус пратил двајца свои ученици во Витфагија за да му донесат осле (магаре) и ослица. Им рекол: „Одете во селоно, што е наспроти вас и веднаш ќе најдете врзана ослица и осле со неа; одврзете ги и доведете ми ги. А ако ви рече некој нешто, ќе му кажете дека му се потребни на Господа и веднаш ќе ги прати“.

Учениците ги донесле, а потоа ги ставиле на ослето своите облеки врз кои седнал Исус и така влегол во Ерусалим поздравен од мноштво народ. Ваквиот пречек на Исус во Ерусалим бил последица од неговата голема популарност меѓу народот уште повеќе зголемена по воскреснувањето на Лазара. Се поставува прашањето, зошто Исус во Ерусалим влегол качен на магаре?

Толкувачите на Светото Писмо истакнуваат дека кај источните народи магарето било симбол на мирот, наспроти коњите што служеле за водење војни. Магарето мирно му служело на човекот, како што и Исус му служел на народот. Пречекувајќи го Исуса воодушевениот народ со цвеќе, врбови гранки, но и со својата облека го постилал патот и пеел: „Осана на синот Давидов. Благословен е оној кој доаѓа во името Господово. Осана на вистините“.

Во спомен на ова свечено влегување на Исус во Ерусалим уште од најраните христијански времиња е востановен празникот Цветници кој, меѓутоа, се празнува од III век. На иконата овој чин е насликан како Исус јава на магаре, а неговите ученици и народот му го постилаат патот со цвеќе и облека.

Ни доаѓа Лазарова сабота, па Цветници - овие работи никако не смеете да ги направите пред Велигден

„Најубава станбена зграда во светот“ се наоѓа во Хрватска

Објектот е изграден во 2021 година, а вкупната негова квадратура е 1.969 квадратни метри. Главен белег на поголемите апартмани се кујните на предната страна, коишто може да се користат како трпезарии. Становите се прилично светли и имаат нетипично богат просторен стандард за современото домување, се наведува во описот.

Приземјето е малку повисоко од станбените катови и е целосно застаклено, поделено со врати, што му дава достоинство на јавен простор. На истото приземје, има и пекара и кафуле споени едно до друго. 

Популарно