Резултати од обдулцијата: Од што починал Саздо?

Никола Саздовски починал од повреди на мозокот. Ова е резултатот од извршената одбукција која судска медицина денеска ја предала во Обвинителство. А, таму денеска се сослушуваа сведоци и очевидци на бруталниот напад врз 21-годишното момче, кои заедно со материјалните докази треба да помогнат во истрагата, но и за тоа Обвинителството да одлучи дали ќе го преквалификува кривичното дело „насилство“, во „убиство“.

-По прибирањето и анализата на сите докази ќе може да биде донесена јавнообвинителска одлука и во однос на кривичната одговорност на лицата и во однос на правната квалификација на кривичното дело. Во оваа фаза на постапката важни се сите сведочења кои можат да придонесат за расветлување на настанот. Ниту еден исказ не може да се смета за главен додека не се утврди неговата важност во натамошниот тек на постапката – објави Јавното обвинителство на Република Македонија

Тројца напаѓачи на возраст од 19, 20 и 21 година, засега се товарат за „насилство“. Двајца се во притвор, а по третиот полицијата сè уште трага. Притворените сè уште не се сослушани бидејќи Обвинителство сака да ги соочи со сите прибрани докази. Тие најверојатно утре ќе бидат изведени пред oбвинител, а ќе ги бранат адвокати по службена должност. Никола Саздовски на 29 јуни беше физички нападнат од три непознати лица на автобуска постојка во скопската населба Автокоманда. Полицијата го објасни настанот. Тројца од осомничените напаѓачи излегле од автомобилот и го нападнале момчето кое по десетдневна кома,вчера почина на една од скопските клиники. Саздовски беше член на навивачката група „Комити“. Вчера неговите другари од трибините во чест на прерано згаснатиот живот организирано отидоа на неговиот погреб.

По кратко боледување почина новинарот Ѓорѓи Томиќ

По кратко боледување денеска во Скопје во 42 година од животот почина новинарот Ѓорѓи Томиќ.

Долги години беше дел од редакцијата на Канал 5 од 2007 до 2018 година, каде работеше како уредник во информативната редакција. Во новинарската кариера следеше настани од надворешната политика.

Колегите ќе го паметат како добар новинар и голем другар.

Шок во мак-ракометот: Ненадејно почина Александар Јовиќ

Македонскиот ракомет остана без голем работник, затоа што ненадејно во текот на ноќта почина тренерот Александар Јовиќ.

Јовиќ почина на 51-годишна возраст, а последно работеше како тренер на македонскиот суперлигаш Пролет. Низ тренерската кариера беше асистент на Лино Червар во Металург, а самостојно го водеше и Металург 2 и Еурофарм Пелистер со кого стана шампион на Македонија.

Како играч, Јовиќ беше дел од Металург, Вардар, Пелистер, Преспа, Борец од Македонија, како и Болоња од Италија, Сплит од Хрватска, Апатин од Србија, и Слобода Тузла од БиХ.

Пред продавница во Ѓорче Петров две жени се тепале

На 06.01.2025 во 12 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 11:40 часот пред продажен објект на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка преметка помеѓу Џ.Р.(23) и Д.Н.(39), двете од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Популарно