Чудото од вакцина на Куба: Излечени над 100.000 луѓеод рак

Ракот веќе одамна не е само болест, и се претвори во една од најпрофитабилните бизнис индустрии – тоа сите го знаеме! Фармацевтските корпорации, болниците, трговците, докторите ширум светот, прават милијарди од чуматa на 21 век. И се додека до средината на 20 век, ракот беше исклучок, сега стана едвај не правило. Пред 20-тина години, со многу тенок буџет, но со огромен ентузијазам, неколку кубански доктори и микробиолози почнуваат истражувања во оваа област. Целта не е да се прават пари, туку да се најде ефикасно решение против страшната дијагноза. Резултатот е – првата вакцина во светот против рак на белите дробови – CimaVax и лекот кој успешно најде примена за дијагнозата – рак на простатата, дебелото црево, дојка, тумори во мозокот – EscoZul.

Во 2015 година вакцината е испробана кај 9.000 лица, а над 100.000 биле излекувани само на база лекот – без хемотерапија, зрачење или хируршка интервенција. Штом една сиромашна и заостаната земја како Куба успева да постигне победа против најголемата болест на сегашноста, мислите се свртени кон огромните фармацевтски гиганти? Од ракот тие заработуваат милијарди.

Што е ракот? Тој се јавува кога една група клетки во телото почнуваат да се размножуваат “автономно” и уништуваат другите ткива. Досега се откриени над 200 видови на оваа подмолна болест, како најчести видови се на кожата, на белите дробови, на дојката и дебелото црево. Зошто одеднаш некоја група клетки едноставно “полудуваат”? Одговорот го добив во едно интервју на кубанска докторка по нивната национална телевизија: Причините, според експертот, за појавата на ракот се три:

1. Генетската меѓузависност, 2. Начин на живот – лоша храна со ГМО, конзерванси, вештачки состојки, недостаток на спорт и 3. Многу важен фактор се покажа емотивно-ментална состојба – стресот и попрецизно – присуството на стрес, а несправувањето со него – приведувањето на лоши емоции и негативни чувства, песимизам, недостаток на задоволство од животот.

Тогаш телото реагира на физиолошко ниво и престанува да ги произведува многу од потребните хормони за здраво функционирање на телото.

Според кубанската професорката дури првите два фактори да се присутни, болеста не може да се отклучи, ако не е присутен и третиот! Но, ако само едниот од првите го има, плус последниот, работите тргнуваат на лошо. Еве колку е важно да не се лутиме долго – “лутете се, но за кратко, истурете го гневот и потоа заборавете го!Не грижете се повеќе за она што било или мислите дека ќе биде “. Тоа се и препораките на д-р Фернандо Аресес – еден од најголемите експерти во оваа област.

Почетокот е поставен со истражувањата кои се спроведени од биологот Мисах Бордиер, со отровот на сината скорпија. Научникот констатира позитивен резултат за пациентот, кога со статисти на токсини се третираат погодени од рак органи. Тој успева да синтетизира производ кој се вика EscoZul. По спроведени истражувања, кубанското Министерство за здравство го класифицира како токсин со природно потекло кој има аналгетска, антиинфламаторна и противотуморна акција. Забележана е кај 97% од пациентите. Се заблежува подобрување на квалитетот на живот, како и престанок на создавање на клетките на ракот. Досега лекот е применет на над 100 000 луѓе од Шпанија, Куба и Латинска Америка.

Друг огромен успех во борбата на кубанската медицина против ракот е создавање на првата во светот вакцина против рак на белите дробови – CimaVax. Револуционерното при овој лек е дека припаѓа на нова класа лекување, наречено имунотерапија и исклучува скалпел, радијацијаа и хемотерапијата. Имунотерапија, го стимулира организмот со сопствени сили и средства во костец со болеста. Од ноември 2016, по посетата на Барак Обама во Куба, вакцината веќе се тестира и во американските лаборатории и можеби тоа ќе биде прв производ, кој ќе го прескокне ембаргото наметнато пред повеќе од 50 години на малата островска земја. Како делува? Кубанските научници изолирале моќен менингитов протеин кој се имплементира во друг протеин наречен “епидермален, фактор на раст” или EGF. ИРФ е клучен во контролирање на ракот, бидејќи тој им овозможува на клетките на ракот да се размножуваат неконтролирано. Кога се инјектира во пациентот, овој протеин го стимулира имунолошкиот систем да ги препознава малигните, канцерогени клетки и да ги уништува. Наречен е “вакцина”, бидејќи, како и другите слични препарати го стимулира организмот сам да елиминира агресивните тела и да спречува размножување. Освен во Куба вакцината може легално да биде купена и во Босна и Херцеговина, Колумбија, Парагвај и Перу. Околу 10.000 лица веќе го испитале ефектот.

За Кубанците лекувањето е бесплатно, но за странци лекувањето чини 10.000 американски долари. Целокупното лекување трае околу 8 месеци, во државната болница Ла Прадера во Хавана и во сумате спаѓа сè – престој и лекување. За оние кои ги немаат овие средства и можности, важно е барем да отидат до Куба, за да им се дадат првите неколку дози од вакцината, и да им се дадат индивидуални инструкции за лекување. Првите две инекции се ставаат во раката, а потоа – уште две во ногата. Следниот прием е шема и може да се изврши дома во текот на неколку месеци. Цената на таква вакцина CimaVax во Куба е околу 100 долари. Зубин Малик од САД е дама на 78 години и никој не би замислил дека оваа мајка на 4 деца и баба на 12 внуци, се претворила во шверцер. Законот ги забранува овие лекови да се пренесуваат во САД, но да земе со себе назад дома, како “сувенир” неколку дози од вредната вакцина била единственото животно решение за оваа жена.

Денес, таа е се уште жива благодарение на кубанската медицина, енергијата и‘ се врати и во фрижидерот редовно има залихи на портокалово-сините шишенца. Во заклучок ќе ви посакам успех во оваа жестока битка, се надевам дека ваквите информаци ви се од корист и ќе ве потсетам на препораките на кубанските специјалисти – за да го држиме ракот настрана: Радувајте се на денешниот ден, трошете парите за пријатни вам и на вашите блиски работи, љубете дури и кога не ве сакаат! Правете добра! Имајте разбирање! Чувствувајте се добро! Бидете живи и здрави!

Како до вакцината и до експертите на Куба?!

EscoZul се произведува само од кубанската фирма Labiofam: Avenida Independencia km. 16 1/2 Boyeros, Santiago de las Vegas, Havana, Cuba Tel: +53 683 3188/683 2151, fax: 683 2151, тел. 537 683 2151 внатрешен 234. На овој телефон одговара д-р Нејза Вергес – радиологист и д -р Нјудис Круз: 537 683 0924, e>mail: [email protected] и [email protected].

Не треба да се меша лекот со присутнi хомеопатски препарат Vidatox кој не поседува антиканцерогено дејство на Ескосул!

Центарот за Национално здравје има следните контакти:

Директор – Д-р Хозе Андрес Лопез Лосада, [email protected] Директeн. Број е +5378322202, а на “Туризам за здравје”: Calle 230 entre 15A and 17, Siboney, Havana, Cuba, тел .: +53 7 33-7473 al 74 Fax: +53 7 33-7198 y +53 7 33-7199, email: [email protected] Web: Centro Internacional de Salud La Pradera

Друг корисен контакт е Националниот Институт за онкологија. Таму се извршуваат сите истражувања, се развиваат лекови третмани и таму работат едни од најголемите светски умовит: Instituto Nacional de Oncología y Radiobiología – INOR, адреса: Calle 29 esq. F, Vedado, Plaza de la Revolución, Havana, Cuba, тел .: (537) 8325865, (537) 8382576, (537) 8382578, (537) 8375440. Fax (537) 8382593, Website www.inor.sld.cu

Денес е Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението

Сабота, значи покој. Велика Сабота е ден на покојот, ден на Покојникот, ден на Најголемиот покој и на Најголемиот Покојник. Велика Сабота е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу Петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста. Денот на Големиот Покој е времето кога Христовото тело е во гробот. Покојникот е внатре од вчера. Овој е втор ден на нашата жалост, тага и молк. Ден на длабоко молчание, созерцание и покој. Овој е денот на оплакувањето на Покојникот. Тогаш, Мајка Му – Пресветата Богородица и жените мироносици, по погребението, Го оплакувале Господа Исуса Христа. Денес се изразува болката, тагата и жалоста на Пресвета Богородица. За нас, па, ова е ден за сози на љубовта и благодарноста.

Велика Сабота е определена како Ден за чување на гробот. Денес сите сме крај Христовиот гроб. Се поклонуваме пред Плаштаницата, на која е претставено телото Господово при погребението, и положено во гробот. Тоа е украсениот гроб Христов, на сред црква, пред кој стоиме и молчешкум се молиме. Се протнуваме под неа на колена, со понизност. Го чекаме Воскресението. Ова е ден за прославување на неискажливата љубов од Богочовекот кон луѓето. Велика Сабота е ден на исчекување, ден на свештен трепет пред Христовото Воскресение. Смртта не може да Го задржи самиот Живот – Животодателот. Саботата е денот кога, во почетокот, Бог, откако го завршил создавањето на светот и човекот, видел дека е сè добро и се успокоил, се одморил, отпочинал и овој ден станал ден на покојот. Исто така и Христос го завршил Своето богоспасително дело до Петокот попладне и во Саботата, успокоен, во божествен покој лежел во гробот, заспан во смртен сон. Велиме заспан, затоа што и Он така рече за умрената девојка која ја воскресна од мртвите, а на луѓето што плачеа им рече: „Девојката не е умрена, туку спие“ (Матеј 9, 24; Марко 5,39; Лука 8,52). 

Велика Сабота е крајот на празничноста на саботата, оттогаш престанува саботата да биде основниот празник, бидејќи потоа ќе се празнува неделата – денот на Воскресението и спасението, денот на христијанството и на новата ера, денот по Христа. Денес одбележуваме три вашни настани: упокоението и престојот на Христа во гробот, чувањето на гробот со стража и Христовото слегување во адот (пеколот) и отворање на рајот. Богослужбата е поврзана со содржините од Библијата. Најпрво, пред плаштаницата, се читаат текстови од пророкот Језекиил: пророштвото за воскресението од мртвите (Језек. 37,1-14), а по нив, Апостолот ни кажува за тоа дека треба да го отфрлиме стариот квас, „оти Христос, Пасхата наша, се закла за нас“ – „Христос нè искупи од клетвата на Законот“ (1. Кор. 5,6-8; Гал. 3,13-14) и најпосле, Евангелието говори за запечатувањето на гробот и поставувањето стража (Матеј 27,62-66). На Литургијата, пак, се чита Евангелието за Христовото воскресение (Матеј 28,1-20) и богослужбено оттогаш започнува Воскресението.

Во Ерусалим, на Велика Сабота, во гробот Господов, катагодина се случува чудо: Бог го дава Светиот благодатен оган на Ерусалимскиот патријарх и преку него, на сите луѓе. Од гробот Христов, верниците го разнесуваат огнот до сите домови во Светата Земја, а поклониците (аџиите кои биле таму) го носат низ целиот свет. Цел свет се осветлува со светлината на Христовото воскресение и светлината на Христа – Сонцето на правдата и радоста. На трпезата строг пост. Велика Сабота е единствената сабота во годината, кога постот е строг и не се јаде зејтин. Но, за поткрепа на оние што се на целодневната молитва, допуштено е и вино.

„Да се биде претприемач значи да најдеш начин да направиш нешто, а не да најдеш изговор“ – Втора епизода од поткастот „Гласот на МААА“

Вториот поткаст на „Гласот на МААА“ на Македонско-Американската Алумни Асоцијација (МААА) носи наслов „Младите и можностите за претприемништво“.

Дали земјава има потенцијали за претприемништво на младите, ако знаеме дека сме лидери со младинска невработеност? Со таа дилема започна вториот поткаст кој го модерираше Ана Зафирова, новинарка и членка на МААА. Заедно со неа во поткастот учествуваат и Моника Ризовска Таневска, претседателка на Women in Tech Macedonia и ко-основач на Ways2Help и Данчо Димков, претприемач, автор на претприемничка литература, основач на неколку компании а, меѓу нив Bizz Bee Solution.

Низ своите инспиративни лични приказни соговорниците го приближија претприемничкиот животен пат и искуствата кои ги имале.

„Претприемништвото ми помогна за да си го откријам моето „зошто?“. Низ животот има одредени работи што нè трошат, а одредени што нè полнат. Токму претприемничкиот дух ме принуди да се прашам, што е тоа што ми ја дава енергијата и да сфатам дека сум од оние луѓе кои ги исполнуваат работите со кои оставам импакт, кога правам нешто добро. Со Ways2Help им помагаме на социјално загрозени семејства, и тие мали чекори кои ги правиме, ми помогнаа да се спознаам себе си“ – вели Моника Ризоска Таневска.

Според Данчо Димков претприемничките вештини се учат, но подготвеноста за преземање ризици е таа која турка напред. Затоа тој ги охрабрува младите да влезат во таа приказна, да не бараат оправдувања и изговори, затоа што кога си млад ризикот е помал и учиш.

„Ако сакаш да направиш начин, ќе најдеш начин, ако не сакаш да го направиш, ќе најдеш изговор. Затоа што многу поедноставно е да ја обвинуваме државата или инфраструктурата дека е виновна за нешто, отколку да бидеш претприемач и да најдеш начин како да го совладаш предизвикот. Тоа значи hassle, се обидуваш, заобиколуваш, прекокнуваш проблеми, бараш надворешна помош, со цел да најдеме начин како да ги решиме проблемите и да изградиме подобра заедница за сите нас.“ – вели Димков.

За среќа на честите натпревари, хакатони и акцелератори и Ризовска и Димков гледаат „гладна младина“ која сака да создава и да прави убави работи, но се согласуваат околу предизвикот како таа младина треба да се задржи во земјата и да продолжи да создава тука, дома.

„Сите настани кои ги организираме со Women in Tech Macedonia, се пополнети во најкус рок значи има интерес и ентузијазам“ споделува Ризовска Таневска.  

Се надеваат дека тој интерес ќе биде пресретнат и со погодна клима и веруваат дека знаењата кои тие ги имаат ќе им бидат од полза на идните претприемачи кои ќе треба да извршат влијание и ќе направат општествени промени во нашата земја.

Ова е вториот од серијалот поткасти на МААА, насловен „Гласот на МААА“ во рамките на проектот „Алумни поттикнуваат волонтерство и воннаставни активности“ и е достапен на следниот линк: 

За дополнителни информации, Ве молиме контактирајте со Зорица Трајкова Стрезовска, претседателка на МААА, на email [email protected] или на телефонскиот број 078/29 79 30.

Со почит,

Македонско-американска алумни асоцијација

Ова е единственото масло што треба да го јадете!

Дали знаете кое масло е најдобро за вашето срце? Кардиологот Џон Кан од Американската Асоцијација на Кардиолози го има одговорот.

Се работи за органското ладно цедено маслиново масло. Според Кан, доколку ги замените разните путери, маргарини, свински масти и слично со органско ладно цедено маслиново масло, го намалувате ризикот за срцев удар за цели 25 проценти!

Ниедно друго масло не содржи толкава количина на монозаситени масти, кои го намалуваат нивото на холестерол во крвта, тврди Кан, кој е поборник за медитеранска исхрана. Медитеранската исхрана подразбира консумирање на поголеми количини на зеленчук, овошје и јаткасти плодови, како и што поголема замена на црвеното месо со риба.

На прашањето што мисли за кокосовото масло, Кан само кратко одговори дека во медитеранската исхрана не се употребува кокосово масло.

Имајте ги овие информации во предвид следниот пат кога ќе одите да пазарувате, но внимавајте - ладното цедено масло во супермаркетите нема врска со вистинското и кавлитетно органско маслиново масло, кое за жал можете да го купите само од луѓе кои го произведуваат за сопствени потреби, а цената му е неколку стотици евра за само неколку литри!

Популарно