Луѓето родени во овој хороскопски знак живеат само за пари

Дали можете да претпоставите кој хороскопски знак е опседнат со пари и никогаш не би ви позајмил што и да побарате?

Претставниците на овој знак се често пати избезумени заради материјалната состојба и оптоварени со неа. Затоа што се екстремно загрижени, прифаќаат само добро платени работни места кои ќе им обезбедат сигурна заработка.

Станува збор за Јарец.

Често пати се на мета на озборувања заради скржавоста и постојаното размислување за пари, иако на тоа Јарците гледаат поинаку. Нивните амбиции се големи и тоа е нивната страна на приказната.

Најмногу сакаат кога заработуваат големи суми пари од две или повеќе паралелни работи. Не сакаат да ризикуваат со трошење и вложување.

Ако планирате да позајмувате пари, заобиколете го Јарецот. Ништо не му паѓа потешко од позајмување, без оглед на тоа колку сте блиски.

Дури и да се работи за среќни моменти и прослави во кои треба да се опушти, тој ќе биде рационален и стегнат со парите.

Јарците се сериозни, одговорни, независни и одлучни луѓе. Нивните лични карактеристики можат да имаат големо значење за интензитетот на овие својства кај различните јарци, но како и за секој знак, и за овој има заеднички работи кои се среќаваат кај повеќето родени во тој период.

Јарците се цврсто приземјени луѓе на кои другите сакаат да се потпираат. Имаат јака волја и се прилично самоуверени. Тие точно знаат кои се, па се чувствуваат комотно во разни социјални ситуации. Иако понекогаш имаат репутација на малку здодевни луѓе, тие често знаат да го изненадат друштвото со остроумна и ненадејна духовитост.

Јарците се луѓе на кои можете да се потпрете, но сепак страдаат од промени во расположението кое може да варира од голема еуфорија до напади на депресија. Во повеќето ситуации, тие вешто ги маскираат овие конфликтни расположенија во јавност. Само најблиските од семејството и пријателите можат повремено да го забележат нивниот внатрешен немир.

Сериозни личности

Јарците се сериозни и резервирани. Тие преферираат да ги планираат и да ги извршуваат задачите кои им претстојат и генерално се држат до овие планови сè додека не ги завршат, дури и кога околностите се комплицираат. Бидејќи се склони да бидат сериозни, знаат да бидат нетолерантни за глупирање и зезање и генерално не ја прифаќаат спонтаноста во одлучувањето.

Јарците сакаат искреност и одговорност и настојуваат овие лични карактеристики да им служат како пример во нивните животи. Јарецот како животно го претставува овој знак заради неговата асоцијација со стабилност и сигурност. Луѓето кои се родени во овој знак не се премислуваат од ден на ден, па нивните мислења можат да се земат како веродостојни и постојани. Јарците се верни во љубовта, вредни работници и луѓе од збор на кои можете да им верувате

Северина до свештеникот: “Имав само добар с..., што ина тебе ти посакувам“

Пејачката Северина Вучковиќ неодамна ги повика следбениците на Инстаграм да потпишат петиција за право на абортус.

Реакциите се разни, а една реакција има потпишана од хрвтаски свештеник кој вели: „Жената со скандали. Само што се опорави од јахтата, повторно е тука“.

Северина одговори на неговиот коментар на Инстаграм.

„Драга, твојот статус ми звучи како мојата глава да ми ја отсекол моторот на јахтата, па повторно ја сошиле во најдобрата клиника за враќање на главата на телото кога ја пресекол мотор на брод, а јас восуштина таму имав добар секс, што и тебе ти го посакувам, можеш и ти со личност од спротивниот пол.

Инаку, Северина во оваа иницијатива ја поддржа Јелена Розга, за која многумина веруваа дека не е во добри односи со Северина. На Розга и се допадна објавата на Северина во која пејачката ја кани да се потпише на петицијата.

Построги казни за пиење алкохол на јавно место на Мајорка и Ибица

Туристите во делови на островите Мајорка и Ибица ќе се соочат со високи казни за пиење алкохол на улица, откако властите на Балеарските Острови на Шпанија ги заострија законите, инаку првпат воведени во 2020 година.

Покрај забраната за алкохол на улица, новите правила им налагаат непродавање алкохол доцна навечер. Засилени се и контролите на платформите за забави. Имено, туристите може да бидат казнети со 750 - 1.500 евра доколку нивното пиење на јавно место „го нарушува соживотот или мирот“ во животната средина. За посериозен прекршок, има и казни од 1.500 до 3.000 евра.

Правилата се применуваат во три одморалишта на Мајорка - Лукмајор, Палма и Калвија, како и Сан Антонио на Ибица.

Забраната важи за една морска милја (1,85 км) од брегот за сите овие дестинации, а на бродовите за забава им е забрането да се приближуваат и им е забрането да земаат или оставаат патници во овие области. Исклучок каде што може да се пие на улица се терасите на баровите или рестораните, или другите области каде што тоа е дозволено со закон.

Продавниците кои нудат алкохол ќе мора да затворат меѓу 21:30 и 8:00 часот.  

Дневен Хороскоп

Овен

Стравовите се вовлекоа во твоето срце. Не сте сигурни дали ве сакаат затоа што вредите како личност или затоа што имате моќ да им дозволите нешто, дури и материјално. Одговорот на оваа дилема треба да го барате во дното на душата која го знае одговорот.

Бик

Неискреноста во вашата околина станува неподнослива. Не ја префрлајте вината на другите луѓе бидејќи тие ве лажат само онолку колку што сакате да ве лажат вие. Размислете, можеби сте принудиле некого на такви потези со вашите ставови.

Близнаци

Полни сте со себе и сте целосно свесни за патот по кој треба да тргне вашиот професионален развој. Не двоумете се, прифатете каква било понуда во овој момент, дури и ако тоа не е примамливо на прв поглед. Останете во играта бидејќи тоа е профитабилен бизнис.

Рак

Без разлика на сè што сте планирале, бидете подготвени да ги одложите повеќето активности. Сте ги прецениле своите можности, па сакале или не, ќе бидете принудени дел од одговорноста да им препуштите на блиските соработници. Користете го ова за кратка пауза.

Лав

Се што ви треба во моментов се пари. Пристигнува значителен прилив и значително влијае на сите планови, особено во моментот на големи продажби. За да не се прекомпензирате до крајот на денот, зауздајте ја својата мегаломанска природа и внимателно планирајте ги купувањата.

Девица

Уживате во наклонетоста на влијателните луѓе. Сепак, не се опуштајте премногу бидејќи тоа се луѓе кои за возврат очекуваат од вас безгранична лојалност. Може да се случи некој од нив да ве принуди на потези кои би ве ставиле во незавидна положба.

Вага

Работниот товар може да се претвори во опсесивна борба со ветерниците. Вашата упорност е доблест, но понекогаш е попаметно да престанете. На луѓето им замерувате што фантазираат, а не земате предвид дека и вие не сте рационален тип, а вашите одлуки често се ирационални.

Шкорпија

Потрудете се да слушате што ви кажуваат другите луѓе. Можеби ќе забележите дека некој се обидува да ви пренесе одлична идеја, но вие не одговарате. Ако ја дозволите можноста некој друг да смисли нешто корисно, ќе имате шанса значително да профитирате.

Стрелец

Имате многу планови и очекувате брза реализација. За жал, работите не се развиваат со посакуваното темпо. Додека чекате нешто да започне, губите драгоцено време, а можностите кои се побезбедни и можеби попрофитабилни отколку што сте замислувале, ви одминуваат.

Јарец

Денот го започнувате полни со енергија. Невообичаено сте креативни и самодовербата се заканува да се претвори во ароганција. Контролирајте ја вашата еуфорија бидејќи кога ќе се одлучи нешто важно, ќе ви треба мислење од луѓе кои не ги почитувате сега.

Водолија

Ќе имате шанса за активности кои можат да ве доведат до идеја да започнете приватен бизнис. Заладените односи со шефовите и лошата атмосфера ќе родат тим од луѓе со кои можете да планирате независен бизнис.

Риби

Вистинско време е да ги реализирате вашите планови, особено ако соработувате со странски земји. Освен тоа, ваквите транзити можат да најават и интересно запознавање со личност која е далеку, која ја запознавате на чуден начин, на пример, преку социјалните мрежи.

Популарно