Миленко Неделковски: Катица Јанева не е во Шутка!

Новинарот Миленко Неделковски вчера на својот Фејсбук профил сподели статус во кој тврди дека Катица јанева не е  во Шутка.

- Според сведочењето на повеќе затворски чувари/командири, КАТИЦА ЈАНЕВА не се наоѓа во ниту една соба или одделение во затворот во Шутка.

Индикативно беше нејзиното апсење без лисици на рацете.

Уште поиндикативна беше глупавата изјава на Есад Рахиќ околу тоа каде, како и со кого е сместена во ќелија Прасица од Смоквица.

Подоцна новинарот понуди наградата за фотографија од приведената специјална обвинителка од затворот Шутка. 

-  За слика од Катица во Шутка, со Пандов даваме ручек у Скара бар или Џек!!! Плус му давам едно мало шарпланинче.

А од Бобан 100 евра по Вестерн Унион.

П.С. Ако сликата е од притворено лице со купен телефон за 200 евра од чувар, тогаш ручек добива семејството, а ако е од чувар, покрај ручекот го частиме и неколку стари телефони!

За онаа каде е нацртана на ѕид не важи

ППС

Ако слика прати Еско, нека бира частовка.

Фотографирање во затворот е забрането со закон, па Миленко не најде ниту еден доброволец., барем не за таа цена, како што напиша во уште еден статус.

- 800 евра бараат за фотка на Прасица од Шутка!

#фолиранти

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Кучето кое беше злоставувано од сопственикот е на безбедно!

За случајот МВР поднесе пријава против 59-годишен жител на Крива Паланка со иницијали З.М., кој го влечел кучето врзано за своето возило. Малтретираното куче било фрлено во коритото на Крива Река, од каде било извлечено и згрижено.

Кучето од Крива Паланка кое било злоставувано од страна на сопственикот, донесено е во ЈП „Лајка“. Во моментов тоа е безбедно и ќе му биде обезбедена целосна нега и сѐ што е потребно за неговото опоравување, информираат од јавното претпријатие.

Оттаму додаваат дека благодарение на брзата реакција на граѓаните кои веднаш го пријавиле случајот, како и интервенцијата на пожарникарите кои го извлекле од провалијата, инспекторите и ветеринарните служби обезбедиле итна грижа и стабилизација.

-Овој настан е уште еден показател дека системот функционира кога институциите и граѓаните делуваат заедно – брзо, координирано и одговорно. Злоставувањето на животни не е изолиран чин – тоа е сериозен општествен проблем. Секое злоставување на животни мора да се пријави – веднаш и без исклучок. Само со гласна и одлучна реакција можеме да ги заштитиме најранливите и да спречиме насилството да се повтори, велат од ЈП „Лајка“.

Одговорноста, потенцираат, е заедничка – да изградиме средина во која и животните и луѓето живеат безбедно и достоинствено.

За случајот МВР поднесе пријава против 59-годишен жител на Крива Паланка со иницијали З.М., кој го влечел кучето врзано за своето возило. Малтретираното куче било фрлено во коритото на Крива Река, од каде било извлечено и згрижено. (МИА)

Популарно