Уставниот суд ќе решава за стапување на Македонија во НАТО!

Денес, Светскиот Македонски Конгрес (СМК) поднесе иницијатива до Уставниот суд на Македонија за оценка на уставноста на “Одлуката за стапување на Република Македонија во членство во Северно-атлантската договорна организација – НАТО“ (“Службен весник на Република Македонија“ број 78/1993).

СМК побара Уставиот суд до конечната одлука да донесе Решение со времена мерка, поради ризик од ефектуирање на Одлуката спротивно на Уставот и суспензија на слободно изразената волја на избирачите на референдум!

СМК смета дека “Одлуката за стапување на Република Македонија во членство во Северно-атлантската договорна организација – НАТО“, не е во согласност со членот 1, членот 2, членот 8 став 1 алинеја 3, членот 51 и членот 120 од Уставот на Република Македонија.

Mеѓународните односи на државата се уредени во Глава VI на Уставот на Република Македонија.

Постапката за стапување на државата Македонија во сојуз или заедница со други држави или истапување од сојуз или заедница со други држави е уредена во членот 120 од Уставот: Предлог одлука можат да поднесат претседателот на Републиката, Владата или најмалку 40 пратеници, одлуката ја донесува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници (80), но одлуката се смета за усвоена, ако на референдум за неа гласало мнозинството од вкупниот број избирачи!

Постапката за стапување на државата Македонија во членство или за истапување од членство во меѓународни организации, пак, е уредена со членот 121 од Уставот. Предлог одлука можат да поднесат претседателот на Републиката, Владата или најмалку 40 пратеници, а одлуката ја донесува Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници (61)!

Собранието на седницата одржана на 23 декември 1993 година донело Одлука за стапување на Република Македонија во членство во Северно-атлантската договорна организација – НАТО врз основа на членот 121, а не врз основа на членот 120 од Уставот, со што е извршена груба повреда на уставните одредби.

НАТО Алијансата не е меѓународна организација за која што одлуката се донесува со мнозинство од вкупниот број пратеници (61).

НАТО Алијансата е политички и воен сојуз на држави и за стапување на државата Македонија во сојуз со НАТО Алијансата како и во Европската Унија, мора да се примени членот 120 од Уставот! Процедурата за стапување во сојуз на држави е многу јасна! Одлуката се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници (80), но истата се смета за усвоена, ако на референдум за неа гласало мнозинството од вкупниот број избирачи!

Одлуката за стапување на Република Македонија во сојуз со НАТО Алијансата, на предлог на претседателот на Републиката, Владата или најмалку 40 пратеници, треба да ја донесе Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, а истата ќе се смета за усвоена ако на референдум за неа гласало мнозинството од вкупниот број избирачи!

Од тие причини, “Одлуката за стапување на Република Македонија во членство во Северно-атлантската договорна организација – НАТО“ донесена од Собранието на 23 декември 1993 година, во првиот парламентарерн состав, не е уставна и СМК од Уставниот суд бара да ја поништи!

За членство на Македонија во НАТО мора да одлучуваат избирачите на референдум, а не 61 пратеници во Собранието на Македонија!

На потег се уставните судии! Дали и овојпат ќе се оглушат или ќе пресудат во согласност со Уставот и ќе го вратат суверенитетот во рацете на народот!?

ШТО Е НАТО?

НАТО не е меѓународна организација! НАТО е политички и воен сојуз на држави!

За претходник на Северно-атлантскиот Договор со којшто се формира НАТО Алијансата се смета Договорот од Брисел, потпишан на 17 март 1948 помеѓу Белгија, Холандија, Луксембург, Франција и Обединетото Кралство. Учеството на САД после Втората Светска Војна било неопходно за спротиставување на воените сили на СССР. Одговорот од можниот нов воен напад започнал веднаш да се гради. Преговорите довеле до Северно-атлантскиот Договор кој бил потпишан во Вашингтон на 4 април 1949 година. Со новиот Северно-атлантски Договор, новата НАТО Алијанса освен членките од Бриселскиот Договор, Белгија, Холандија, Луксембург, Франција и Обединетото Кралство, ги вклучила и САД, Канада, Португалија, Италија, Норвешка, Данска и Исланд, вкупно 12 држави.

Согласно членот 5 од Северно-атлантскиот Договор: “Државите членки се согласуваат дека еден вооружен напад на една или повеќе земји членки во Европа или Северна Америка ќе се разгледува како напад на сите нив и секоја страна се согласува дека при таков напад, во силата на правото за индивидуална или колективна самозаштита, признато од членот 51 од Повелбата на Организацијата на Обединетите Нации ќе укаже помош на нападнатата членка или нападнатите членки ако сметаат за неопходни, вклучително и употреба на вооружена сила, за воспоставување и подржување на сигурноста во Северно-атланската зона.“

Од 4 април 1949 година до денес во НАТО Алијансата примени се уште 17 нови земји членки: на 18 февруари 1952 година Грција и Турција; на 6 мај 1955 година Германија; на 30 мај 1982 година Шпанија; на 12 март 1999 година Чешка Република, Унгарија и Полска; на 29 март 2004 година Бугарија, Естонија, Латвија, Литванија, Романија, Словачка и Словенија; на 1 април 2009 година Албанија и Хрватска; и на 5 јуни 2017 година Црна Гора.

НАТО Алијансата денес брои 29 членки, со седиште во Брисел, Белгија.

НАТО Алијансата се декларира како политички и воен сојуз за заедничка одбрана во одговор на напад од надворешни лица.

Иако во првите неколку години од формирање, НАТО Алијансата претставувала политички сојуз, првиот генерален секретар на НАТО Алијансата, Хастингс Исмеј, сметал дека целта на НАТО Алијансата е “одбрана од СССР под раководство на САД, и Германија (која ја предизвика Втората Светска Војна, н.з.) да се држи потчинета“. Како резултат на улогата која Велика Британија ја добива во НАТО Алијансата, Франција во 1966 година го напуштила овој сојуз.

Со паѓањето, пак, на Берлинскиот ѕид во 1989 година, главната цел на НАТО Алијансата станала придобивање на земјите кои претходно се наоѓале под влијание на таканаречениот Источен блок, односно поранешните членки на Варшавскиот договор. Ова пред сè се однесува на земјите од Балканскиот Полуостров, што доведува до проширување на НАТО Алијансата во 2004 година со Бугарија и Романија, а во 2009 година со Хрватска и Албанија.

Такви дејства, кои се сметаат за неопходни, вклучително и употреба на вооружена сила, не означува дека другите држави членки директно се обврзани да реагираат со воени дејства. Тие се должни да одговорат на тоа, но да го зачуваат изборот и начинот по кој би реагирале при таква ситуација. Ова од своја страна се разликува од договорот од Брисел каде тоа било задолжителна обврска. Еден пример околу овој член е неучеството на НАТО во Фолкландската војна помеѓу Велика Британија и Аргентина во 1982 година.

За прв пат во историјата на НАТО Алијансата, САД се повикал на членот 5 од Северно-атлантскиот Договор на 12 септември 2001 година по терористичките напади на Кулите близначки во Њујорк. По овие терористичките напади од 2001 година врз САД, НАТО Алијансата се насочува кон нови предизвици, ангажирајќи војски во Авганистан, Ирак, Либија, Сирија, Украина…

Учениците од понеделник на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај

Учениците од основните и средните училишта од понеделник, 29 април, заклучно со 6 мај 2024, ќе бидат на пролетен распуст кој е воведен во оваа учебна година.

Првпат има промена и во календарот за настава, така што 2023/2024 за основците ќе заврши на 17 јуни, а за средношколците, како и во минатите години – на 10 јуни. 

Училиштата нема да работат на 8 мај (среда) кога ќе се одржуваат вториот круг од Претседателските избори и Парламентарните избори 2024. 

Ден претходно, вторник 7 мај, скратени часови и работно време до 11 часот ќе имаат оние училишта каде што утредента ќе се организира гласањето.

Како што информираше Министерството за образование и наука, наставата од двата дена кои поради изборите се неработни ќе бидат одработени во работни денови со подолг престој на учениците во училиштата за да се реализираат дополнителни часови.

Скопските ученици треба да надоместат и за пропуштеното од наставата на 30 ноември 2023 кога во главниот град беше организиран Советот на министри на ОБСЕ. 

За планирањето и организирањето на дополнителните часови, МОН ги задолжи директорите на училиштата. 

-Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците, соопшти МОН откако по реакции во јавноста и од синдикатите ја повлече претходната одлука пропуштената настава да се надомести во саботи.

Со лажен сертификат за англиски јазик аплицирала за директорка и добила работа, сега ќе одговара кривично

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) на 25.04.2024 до ОЈО Велес поднесе кривична пријава против М.В.(44), од Велес, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, согласно член 380 ст.1 од Кривичниот законик.

Како што соопштува МВР, пријавената, на функција директор во општинска јавна установа за деца - детска градинка во Велес, прибавила меѓународно признаен сертификат за познавање на англиски јазик со нејзино име, издадена од училиште за јазици од Пловдив, Р Бугарија.

- Иако знаела дека исправата е со невистинита содржина, М.В. ја употребила како доказ дека поседува меѓународно признаен сертификат при нејзиното аплицирање на Јавен оглас за избор на директор на детската градинка, по што и била именувана на функцијата, соопшти МВР.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои обраќања имаа министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот Васко Ѓурчиновски, амбасадорката на Норвешка за Северна Македонија, Кристин Мелсом и командантот на логистика на Вооружените сили на Кралството Норвешка Андрес Јернберг.

Министерката за обрана Петровска во своето излагање посочи дека Армијата минува низ сеопфатен процес на модернизација и секоја дополнителна поддршка од сојузниците е добредојдена. Таа истакна дека донацијата ќе придонесе за зголемување на борбената готовност на Армијата.

– Нашиот одбранбен буџет континуирано расте, но секоја дополнителна поддршка од нашите сојузници е добродојдена. Оваа норвешка донација од 76 неборбени моторни возила значително ќе придонесат за зголемување на транспортните можности на единиците на Армијата односно за нивната борбена готовност, рече Петровска.

Министерката се осврна на бројните проекти кои се реализираат со поддршка на Кралството Норвешка. Со поддршка на Кралството Норвешка, Петровска вели, земјава го изгради Регионалниот центар за односи со јавност, кој во моментов е во фаза на интензивен развој во НАТО школа за односи со јавност, за кој рече, придобивки ќе имаат двете земји, но и НАТО сојузниците.

– Со ваша поддршка го изградивме Регионалниот центар за односи со јавноста кој во моментов е во фаза на интензивен развој во НАТО школа за односи со јавност од кој придобивка ќе има и Македонија и Норвешка, но и нашите НАТО сојузници. Вие сте земја партнер во рамките на Балканските медицински сили чие постојано седиште е во Република Северна Македонија, рече Петровска.

Амбасадорката на Кралството Норвешка за Северна Македонија, Кристин Мелсом, истакна дека дипломатските врски меѓу двете земји се зајакнуваат последните 30 години, особено по приемот на земјава во НАТО Алијансата во 2020 година.

– Во последните години уште повеќе ја зајакнавме нашата врска со посетата на Командантот на Гардата на Неговото височество кралот и нашиот началник за одбрана г. Ајрик Кристоверсен, распоредувањето на македонскиот хируршки тим во Авганистан, меѓусебната размена на кадети, посетите на ваши офицери и на нашата бригада Север и на Здружениот оперативен штаб и уште неколку други проекти, рече Мелсом.

Дополнително ја истакна програмата за размена на кадети како еден од поважните заеднички проекти и посочувајќи на посветеноста на Северна Македонија кон Алијансата.

– Ја видовме посветеноста што ја покажавте кон Алијансата. Ја гледаме не само воената опрема што ја дадовте на Украина, туку и зголемениот број војници што ги имате распоредено во различни мисии. Вашата цел да распоредите 10 проценти од вашата армиска структура е импресивна, истакна Мелсом.

Бригадниот генерал Андрес Јернберг рече овој ден е од историско значење, бидејќи ја одбележува најголемата донација на воена опрема што Кралството Норвешка воопшто ја има направено за земја од Западен Балкан.

– Точно е дека 36-те лесни пешадиски возила и 40-те камиони од Норвешка кои штотуку пристигнаа во Северна Македонија ќе ги зајакнат вашите вооружени сили, но тие исто така се и доказ за нашата заедничка посветеност на поддршката на Украина и на сојузничкото одвраќање и одбрана. Всушност ова е одличен пример за тоа како треба да се врши одвраќање и одбрана преку логистичка соработка во рамките на НАТО, рече Јернберг.

Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, во своето излагање истакна дека во Алијансата не се членува само заради придобивки и бенефиции, туку заради вредности и принципи. Ѓурчиновски истакна дека земјава ја поддржала вистинската страна во војната во Украина, и како што рече, тоа го препознала Норвешка.

– Бевме конкретни и јасно детерминирани и се определивме и ја поддржавме вистинската страна во војната. Свесни бевме за одговорностите. Не се членува само заради придобивките и бенефиции, туку заради вредности и принципи. Кралството точно ги воочи нашите заложби, направивме координација со ГШ и со началникот во мојата официјална посета на Норвешка и во седиштето во Брисел и како што беше истакнато ова е голем историски ден за нашите вооружени сили каде што сме сите сведоци и можеме да ги воочиме 76-те возила кои од утре ќе бидат на македонските патишта за потребите на вооружените сили, меѓутоа и за сите граѓани на нашата татковина, истакна Ѓурчиновски. 

Популарно