Химната на Република Македонија избришана од учебниците по музичко во основно

- Некој мислеше дека на Тамара навистина толку и бил капацитетот, згрешила или пак не ја научила химната на Македонија?! Дека ненамерно немаше химна при посетата на Ципрас?!- пишува на својот Фејсбук профил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Карпош, Тони Јаревски.

- Доколку некој се уште е на тој став се лаже самиот себеси. Уште еден чин од процесот на демонтажа на Македонија, македонскиот јазик, идентитет и код е со актуелната наставна програма за нашите деца во 6-то одделение.

Во новата програма (слика 2) химната е отстранета и наместо химната, Власта смета дека поважно за ќерка ми (да, и моето дете е 6то одд) е да ја научи и пее Dzelem, Dzelem и албанската Shtatori.

Како врв на ова малоумие е и официјалното објаснување од Бирото за образование дека морало да се исфрли химната од учебниците бидејќи програмата била пишувана после уставните измени?!?, пишува Јаревски.

Исчезнат жител на Младо Нагоричане

Чиетиресет и едногодишник од селото Младо Нагоричане бил пријавен за исчезнат вчеравечер од неговата мајка.

– На 22.11.2024 година во 20.30 часот во СВР Куманово М.Н.(62) од село Младо Нагоричане пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот син В.Н.(41)., информираат од Секторот за внатрешни работи.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Македонски автобус се излизга на автопатот во Србија, нема повредени

Синоќа македонски автобус доживеал сообраќајна несреќа на автопатот А5 во близина на Појате, Србија, објавија српските медиуми.

Несреќата се случила поради обилните врнежи од снег, кои го отежнале движењето на возилата. Автобусот се излизгал на лизгавата подлога и удрил во заштитната банкина.

За среќа, во инцидентот нема повредени патници. Сепак, причинета е значителна материјална штета на автобусот.

Надлежните служби веднаш интервенирале на местото на настанот, а сообраќајот бил регулиран без поголеми застои. Упатен е апел до возачите да бидат исклучително внимателни во услови на лошо време.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Македонски автобус се излизга од автопат и удри во банкина во Србија

Сообраќајна несреќа се случи вечерва на автопатот кај Појат во Србија.

Како што пренесува страницата на Инстаграм 192.rs, македонскиот автобусот се излизгал и удрил во банкината.

Состојбата на патниците не е позната, а причинета е поголема материјална штета.

Во текот на денот обилните снежни врнежи предизвикаа колапс на автопатот Милош Велики.

Состојбата на патиштата е критична низ Србија поради снегот кој не престанува да врне, коловозите се лизгави, па на возачите им се препорачува да бидат внимателни и да возат бавно.

Популарно