ФОТО: Катерина сподели како изгледа прославата

Македонската манекенка Катарина Ивановска се породи, а веста прва на социјалните мрежи ја објави пејачката Тамара Тодевска.

Вечерва најблиските се собраа на мекици, да го прослават раѓањето на второто бебе, а Катерина сподели кратки видеа на Инстаграм од прославата.

За микрофонот се фати и Тамара, која е блиска пријателка, судејќи по тоа дека Катерина и Тамара често објавуваат заеднички фотографии.

Ќерката на Катарина и нејзиниот вереник Цобе ќе се вика Кира, а честитки пристигуваат од сите страни. Тие се веќе родители на двегодишниот Вања.Еве каква е атмосферата.

ФОТО: Билјана Дебарлиева прослави 25 години брак со сопругот

Македонската водителка и ТВ-презентерка, Билјана Дебарлиева, прослави 25 години брак.

Нејзиниот сопруг Јован на социјалните мрежи објави нивна заедничка фотографија додека ја одбележувале годишнината во еден скопски ресторан.

Билјана и Јован имаат две деца, син и ќерка, но тие ретко се појавуваат во јавноста со својата мајка.

Љубомир Перучица: Морав да попуштам

Српскиот пејач Љубомир Перучица пред неколку дена заплива во брачните води и ѝ го кажа судбоносното „да“ на својата партнерка, водителката Катарина Колозеус.

По нивната свадба започнаа да се шират многу шпекулации, па сега парот откри дали е точно дека се скарале на свадбата.

-Не е баш кавга, само не се согласивме. Тој мораше да попушти, немаше друг избор, вели Катарина.

„Да, немав избор. Јас сакав таа да го земе моето презиме, а таа сакаше да го задржи своето презиме и да го додаде моето, околу тоа не се согласивме“ објасни Перучица.

-Не, јас имам многу добро презиме, никој го нема и ми беше жал да се ослободам од него. Сега сум и Колозеус и Перучица, вели водителката.

ВИДЕО: Цеца пееше на роденденот на Врањеш и ја „излуде“ публиката

Само што пристигнала на прославата, Светлана Цеца Ражнатовиќ ги развеселила гостите кои присуствувале на роденденот на фудбалерот Огњен Врањеш.

Тој веднаш седнал во првиот ред и уживал во музиката, а таа се појавила во долг фустан и го извела својот хит „Ваздух кои дишем“, додека гостите го скандирале нејзиното име.

„Јас сакам да му го честитам роденденот на домаќинот, како и на неговото девојче, да ни се здрави и живи 100 години и секако најсреќни на светот! Живели!“, рекла Цеца и продолжила да ги пее своите песни.

Огњен роденденот го славел во Атина, каде први се појавиле неговите соиграчи од клубот. Дола и неговата 5-годишна ќерка која исто така славела роденден, а тој од неа цела вечер не се одвојувал.

Популарно