Овие 5 работи никогаш не треба да се прават на првиот состанок

Што да облечеме, каде да одиме, за што да разговараме, се само некои од прашањата што си ги поставуваме пред првиот состанок

Првиот состанок е секогаш малку чуден, поради фактот што вие и личноста со која сте излегле се грижите за многу работи, како што е првиот впечаток, дали му се допаѓате, дали изгледате добро, дали зборувате премногу или премногу малку, и што е најважно – дали тој ќе сака да се видите повторно?

Љубовната средба во исто време може да предизвика возбуда, напнатост и нервоза, а доколку е успешна, првиот состанок може да биде почеток на успешна врска.

За да знаете што може да тргне наопаку, тогаш кога се обидувате да оставите добар впечаток, погледнете ги овие пет работи што никогаш не треба да ги правите.

1. Не доцнете

Одложувањата оставаат впечаток на неодговорна и несигурна личност. Нема мажи и жени кои сметаат дека доцнењето е привлечно. Најдобро е да пристигнете на состанокот неколку минути порано и да избегнете каква било можност за одложување.

2. Не го спомнувајте поранешниот партнер

На потенцијалниот партнер не му е најпријатно да слуша за вашето поранешно момче цела вечер. Тој веројатно ќе помисли дека не сте ја преболеле претходната врска и дека го гледате како авантура што ќе ви помогне да ги свртите мислите.

3. Заборавете на мобилниот

Како прво, секако ќе одговорите ако очекувате важен повик, но тоа не треба да значи вашиот телефон да е во вашата рака повеќе од вилушката. Ако постојано одговарате на СМС-пораки или го разгледувате Instagram, додека лицето од другата страна сака да комуницира со вас, вие во основа кажувате само едно – не ме интересира.

4. Водете дијалог- не монолог

Запомнете дека сте на прв состанок и дека никој не треба да чувствува дека е испрашуван. За разговор е потребна рамнотежа со прашањата што ви помагаат да запознаете некого подобро, но не претерувајте со премногу интимни прашања. Работи како политика, религија и слично се исто така теми кои ретко се споменуваат на првиот состанок, па затоа е најдобро да ги избегнувате.

5. Поделете ја сметката

По добро поминатото време, некој треба да ја плати сметката. Факт е дека има мажи на кои им е под чест жената плаќа сметки, па тоа го земаат под своја обврска. Ако не ви е пријатно, поделете ги трошоците или прифатете следниот пат да платите вие, ако и двајцата се согласивте дека ќе има уште еден состанок.

Закрепнувањето по „скршено срце“ трае три месеци

Раскинувањата oбично завршуваат со подолготрајна тага.

Научен труд објавен во британскиот „Журнал“ за позитивна психологија открива колку време во просек им треба на луѓето да закрепнат по болен прекин на љубовна врска.

Кога „срцето е скршено“, преовладува чувството на безвредност, што поттикнува повредената или повредениот „да се држи“ дури и поцврсто за она што веќе не е достапно. Во такви случаи се јавуваат збунетост, лутина, тага, фрустрација. Уште повеќе, ако е присутна ниска самодоверба којашто нѐ тера постојано да се обвинуваме и омаловажуваме себеси, преболувањето на раскинувањето тогаш е потешко, па тоа „заздравување“ оди побавно.

Тоа ќе рече – проценувањето колку долго ќе трае таа лоша состојба по раскинувањето зависи, до одреден степен, од самодовербата.

Според наводите, на 71 отсто од 155 млади возрасни лица им биле потребни околу 11 седмици за промена кон подобро. До крајот на тие три месеци, испитаниците можеле да ги видат добрите страни на нивното раскинување. Тие, имено, почувствувале „созреаност“ и подготвеност да се насочат кон целта – позитивни промени по раскинувањето.

Разумно е да се очекува дека зацврстувањето на ниската самоувереност по раскинувањето може да трае барем неколку недели. А пак, факторите коишто влијаат на таа временска рамка зависат од самиот човек и од врската која штотуку завршила.

Три реченици кои звучат како љубов, а всушност зад нив се крие манипулација

Понекогаш е тешко да се разликува грижата и љубовта од манипулацијата. Ова се фрази кои се користат за да се залажат партнерите.

Има луѓе кои имаат потреба да манипулираат со луѓето со кои се во врска или брак, поради некои психолошки проблеми што ги имаат.

Овие три реченици манипулаторите често ги користат како параван, бидејќи наликуваат на љубов.

„Ова го правам за твое добро“

Манипулаторот сака да изгледа како да се грижи за вас, а всушност сака да ве контролира за да ја постигне својата цел. Реченицата „Го правам ова за твое добро“ звучи како израз на грижа и љубов, но тоа е начин манипулаторот да ве принуди да го прифатите она што го прави велејќи дека е за ваша корист.

„Дали вака ми враќаш?

Кога манипулаторот ќе ви каже: „После се што направив за тебе, ти ми враќаш вака?“, тоа покажува дека сака да се чувствувате виновни. Не се залажувајте да мислите дека тој се грижи за вас. Тој само сака да ве натера да се согласите со она што тој го сака.

„Очекував повеќе од тебе“

Оваа реченица прави личноста кон која е насочена да се чувствува помалку вредна од манипулаторот. Тие се потпираат на моќта за да ги постигнат своите цели. И повторно сака да се чувствувате виновни што не го постигнавте она што требаше, според мислењето на манипулаторот.

Што се случува во телото на мажот кој подолго време нема секс?

Има многу причини зошто треба редовно да имаме секс, но покрај задоволството, важни се и причините поврзани со здравјето.

Мажите кои редовно имаат секс се позадоволни од животот и посреќни, тоа го имаат потврдено повеќе истражувања, но дали некогаш сте се прашале што се случува со вашето тело кога ќе престанете да имате секс редовно?

Ова се најчестите последици:

Еректилна дисфункција

Мажите кои подолго време немале секс, а имаат над 50 години, најверојатно ќе се соочат со проблемот еректилна дисфункција. За да останете во сексуална форма, мора да ја одржувате.

Зголемен ризик од рак на простата

Ако не мастурбирате редовно и исто така немате секс, ги зголемувате шансите за заболување од рак на простата. Истражувањата покажале дека честото ејакулирање (4 до 7 пати неделно) го намалува ризикот од рак на простата.

Висок крвен притисок

Истражувањата покажале дека луѓето кои имаат редовен секс имаат понизок крвен притисок од оние кои имаат долги паузи меѓу сексуалните активности.

Стрес

Една жешка ноќ во кревет може да ви го подобри расположението и барем на кратко да ве ослободи од грижите и стресот. Ендорфинот што се ослободува за време на сексот го подобрува расположението, а и бројни науни истражувања покажале дека сексот има поволно дејство врз луѓето кои се под стрес.

Слаб имунитет

Доживувањето оргазми е од голема корист за вашиот имунолошки систем. Медицински истражувања покажале дека мажите кои немаат секс редовно имаат послаб имунитет и се поподложни на болести.

Популарно