Во Сопиште пронајден скопјанецот кој се оддалечил од здравствената установа во Карпош

Вчера во 17.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на с.Сопиште, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го пронашле Ј.Т.(38) од Скопје.

За лицето Ј.Т.(38) на 30.04.2024 беше пријавено дека се оддалечил од здравствена установа на подрачјето на Карпош.

Првата официјална посета во странство на претседателката Сиљановска Давкова во Ватикан и Рим

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова првата официјална посета во странство ќе ја оствари во Ватикан и во Рим, каде што ќе ја предводи државно црковната делегација за чествувањето на Св. Кирил и Методиј, потврдија за МИА од претседателскиот кабинет.

На 23 мај, според протоколот, претседателката Сиљановска Давкова ќе има аудиенција кај Папата Франциск, а потоа средба и со генералниот секретар на Ватикан за односи со државите.

Чествувањето на сесловенските просветители ќе се одржи на 24 мај со посета на базиликата Свети Климент каде се наоѓа гробот на Св. Кирил, а потоа и во базиликата Санта Мариа Маџоре каде венец ќе постават на плочата испишана на македонски јазик.

Во рамки на посетата на Рим, претседателката Сиљановска Давкова ќе се сретне и со нејзиниот италијански колега Серџо Матарела.

Сиљановска Давкова, како што велат од нејзиниот кабинет, се уште не е познато дали ќе има средба со претседателот на Бугарија, Румен Радев, чие доаѓање во Рим е исто така најавено по истиот повод.

Детали за тешката сообраќајка на „Водњанска“ - повредени седум лица

Седум лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа која синоќа се случи на улица „Водњанска“, пред влезот на Клиничкиот центар.

Од МВР денеска излегоа со подетални информации за сообраќајката во која учествувале четири автомобили, од кои два биле паркирани.

-Сообраќајната несреќа се случила помеѓу автомобил „БМВ“ со скопски регистарски ознаки управуван од М.М.(45) од Скопје, автомобил „Ауди“ со скопски регистарски ознаки управуван од Н.Р.(40) од Скопје, и две паркирани патнички возила „голф“ и „мерцедес“, двете со скопски регистарски ознаки, велат за Курир од МВР.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле седум лица констатирани во ГОБ „Св. Наум Охридски“ и Комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места

Државната изборна комсија го поништи гласањето на 7 избирачки места. Ќе се се прегласува на 6 избирачки места во петтата изборна единициа и тоа на две избирачки места во Долнени, две во Крушево, едно во Струга и едно во Охрид.

Ќе се прегласува и на едно избирачко место во шестата изборна единица во општина Желино.

На сите овие избирачки места ДИК денеска ги разреши претседателите, замениците и членовите на избирачките одбори. Новото гласање ќе се организира во среда на 22 мај.

Седницата на ДИК следи откако вчера Управниот суд ги одби сите тужби поднесени од Европскиот фронт и ги потврди претходните решенија на комисија која утврди низа нерегуларности на сите 7 избирачки места. Ова според членовите на ДИК е доказ дека целиот процес е спроведен законски и покрај тоа што изминатиот период добиваа јавни навреди и закани за тужби токму од политички структури на Европскиот фронт. На денешната седница на ДИК не присустуваше единствено потпретседателката Шеху која доаѓа од редовите на ДУИ.

Прегласувањето во среда може да донесе и промени на освоените мандати. На пратеник повеќе во петтата изборна едница може да се надеваат од ВМРО-ДПМНЕ и ЛДП, а во шестата изборна единица еден мандат повеќе може да добие Коалицијата ВРЕДИ.

Популарно