Вело-бус и маалско дружење ќе се организира низ неколку скопски општини

Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ Скопје организира маалско дружење и Вело-бус во општините Кисела Вода, Гази Баба, Центар и Аеродром по повод Европската недела на мобилност.

Оваа година, од 16 до 20 септември Гоу Грин организира два настана во општините Кисела Вода, Гази Баба, Центар и Аеродром.

Едниот настан е Вело-бус преку кој со деца и родители на велосипеди, тротинети и ролери заеднички ќе се движат кон училишта и градинки.

- Вело-бусот ќе тргне во 30 минути пред првиот школски од првата постојка и ќе помине низ населбите, застанувајќи на неколку вело-постојки од кои ќе ги земе децата и нивните родители, кои заедно ќе се повозат низ населбите до своите училишта и градинки. Ова е одличен начин да го намалиме метежот од возила, загадувањето и да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, велат од Гоу Грин.

Вториот настан е маалско дружење во населбите кога меѓу 8 и 12 часот, по завршувањето на вело-бусот, ќе бидат организирани маалски игри и активности на различни јавни простори низ општините.

- Ова е настан за сите генерации, каде ќе се играат традиционални игри како школка, ластик, скокање јаже, и ќе се одржат уметнички активности и настапи на локални хорови. Целта е да се поттикне меѓугенерациска соработка и да се врати духот на заедницата во јавниот простор, дополнуваат од Гоу Грин.

Европската недела на мобилност оваа година се фокусира на важноста на споделениот јавен простор. Во периодот од 16 до 22 септември, низ цела Европа се организираат активности кои ги поттикнуваат граѓаните да размислуваат за одржлива урбана мобилност и подобро користење на јавниот простор.

„Меморија“ пред големиот скопски концерт со нова песна – „Мој народе“

Пред големиот скопски концерт кој легендараната „Меморија“ веќе наголемо го најавува на 16-ти ноември годинава во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, како место каде ќе бидат концертно повторно отсвирена ретсроспектива на најголемите досегашни хитови во живо, но и промовирани новите песни, групата го издаде и третиот сингл, како дел од материјалот кој ќе го комплетира албумот кој е во најава.

Новите песни излегуваат една по една во етерот, па така по рок баладата „За тебе“ и рок ен рол медлито со патриотски рефрени кое се појави под името „Македонски бисери“, еве уште едно ново парче музика, кое во себе има патриотска содржина, но за разлика од обработките, е целосно ново авторско дело.

Новата песна носи наслов „Мој народе“ и во себе го има вткаено националното чувство, чувството за припадност на еден народ, желбата да се биде свој, а сепак дел од современиот свет… При тоа да не се заборават минатото и крваво стекнатата слобода, а со љубов и песна да се гради иднината… И сето тоа спакувано во стихови и музика која се одликува со рефрен кој наликува на „патротска стадионска химна“, која од срце и со полна душа се пее со високо кренати раце дланка во дланка, од илјадници грла и во еден глас… За тебе, за мене, за сите нас… „Мој народе“!

Музиката и текстот се на Ристо Самарџиев, а истата е снимена во студиото „Тра ла ла“ на Мите Димовски кој заедно со Давор Јордановски се и продуценти на песната. Извршен продуцент е Петар Георгиевски – Камиказа, а „Мој народе“ засега само во аудио верзија можете да ја слушнете во продолжение:

Членовите на „СпејсИкс“ се вратија на Земјата

Екипажот на Space X се врати на Земјата по пет дена во орбитата, по историската мисија која ја вклучи првата приватна вселенска прошетка на милијардерот Џаред Ајсекеман и инженерката Сара Гилис.

Тие ја изведоа својата прва вселенска прошетка на надморска височина од 740 километри, со цел да тестираат нова линија на вселенски одела.

Рано утринава капсулата „Драгон“ слета во Мексиканскиот залив, достигнувајќи максимална височина од 1.408 километри по полетувањето во вторникот, што е повисоко од Меѓународната вселенска станица (МВС) и вселенскиот телескоп Хабл.

Прошетката траеше два часа, значително помалку од оние што ги изведуваа астронаутите на ISS.

Во мисијата беа и пилотот Скот Потита и инеженерката Ана Менон, а Исакман и Гилис станаа 264-те и 265-те луѓе што извеле вселенски прошетки.

Ова е прва приватно финансирана мисија во вселената, а досега прошетките ги извршуваа исклучиво професионални астронаути. Од SpaceX велат дека оваа кратка вежба е почетна точка за тестирање на технологијата на вселенски одела за идни, подолги мисии на Марс.

Џаред Исакман, пилотот и милијардер, основач на компанијата за електронско плаќање Shift4, ја финансираше мисијата Polaris, како и неговиот лет Inspiration4 со SpaceX во 2021 година.

Тој одби да каже колку плаќа за мисиите, но се смета дека тие чинат стотици милиони долари.

Вселенското летало „Драгон“ ја обиколи Земјата најмалку шест пати во средата во овална орбита која се протега на 1.400 километри, што е најоддалеченото патување на луѓето во вселената од последната американска мисија „Аполо“ во 1972 година.

Популарно