ЗНМ за кривичната пријава од владиката Григориј за Религија.мк – Скандалозен случај, притисок и заплашување на медиумите

Случајот со кривичната пријава на Владиката Григориј против уредникот на Религија.мк, Марјан Николовски е еден од примерите на SLAPP (Стратешките тужби против јавно учество), кои имаат за цел да извршат притисок и закана врз новинарската професија. Ова е еден од заклучоците од третата регионална онференција во организација на ЗНМ, насловена „Посилни заедно: Новинарите и правосудството ги штитат медиумските слободи„ која се одржа од 18-20 септември 2024 година во Маврово во која земаа учество повеќе од 70 новинари и претставници на правосудството.

-Еден од најголемите предизвици кои го разгледувавме е бробата против SLAPP тужбите кои се злупотребуваат да се замолчат новинарите и да се ограничи слободата на медиумите. Еден од таквите примери е неодамнешната кривична пријава поднесена од владика на МПЦ-ОА против новинар, нашиот колега Марјан Николовски, каде што се бара кривично гонење за ксенофобија, расизам, говор на омраза за јавно изразено мислење, за изречен збор, за новинарски текст. Ова е скандалозен случај кој го гледаме како обид за цензура, притисок и заплашување на медиумите од позиција на моќ. Очекуваме Обвинителството да ја отфрли оваа кривична пријава, меѓу другото и поради тоа што владиката доколку Владиката сметал дека е наклеветен, можел да тужи во грѓанска постапка, а не на овој начин да се обиде да се сокрие зад државата, или да го употреби системот на државата. Тоа е она од што најмногу стравуваме. За да ги демотивираме оние кои се обидуваат да им се закануваат на новинарите преку SLAPP тужби, може да преземеме три клучни чекори: правни реформи, одговорност и доследно постапување од судиите и обвинителите, кои можат да играат клучна улога во спречување на ваквите злоупотреби со тоа што нема да дозволат овие случаи да преминат во инструмент за заплашување на новинарите и гласна јавна осуда и подигнување на свеста за негативното влијание на SLAPP тужбите врз новинарството и демократијата, со што ќе создадеме општествен притисок кој ќе ги демотивира оние кои од позиција на моќ сакаат да ги злоупотребат правните инструменти“, изјави Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ.

Заедничката соработка помеѓу новинарите и судиите, заедно со обвинителите е од суштинско значење за одржување на владеењето на правото во Западен Балкан. За ова да се оствари неопходна е довербата и разбирањето помеѓу двете фели, а овие регионални конференции меѓу другото, имаат за цел ова да го поттикнат.

Што се однесува до нападите врз новинарите, неказнивоста беше препознаена како голема закана. За време на сесијата за справување со неказнивоста кон новинарите, говорниците го дискутираа ефектот од нерешените напади врз новинарите, граѓанските организации и општеството во целина, истакнувајќи дека кога правдата е задоволена, тоа ги обесхрабрува нападите врз новинарите.

Конференцијата вклучи и работилница организирана од Центарот за обука и студии за судството на Холандија, каде судии, обвинители и новинари ја истражуваа меѓусебната улога на медиумите и судството во општеството и дискутираа за можни начини на напредок.

Важен елемент на оваа завршна конференција беше дискусијата за тоа како да се продолжи со поттикнување на правната заштита на новинарите преку промовирање на дијалогот помеѓу судството и новинарите. „Видовме како овие дијалози позитивно влијаеа на разбирањето помеѓу независните медиуми и судството во изминатите четири години. Веруваме дека е неопходно да продолжиме и да го зголемиме нашето влијание со вклучување на повеќе земји како Косово, Албанија и Црна Гора, за да се спротивставиме на зголемените напади врз новинарите во Западен Балкан“, изјави Албана Шала, претставник на Free Press Unlimited за Западен Балкан.

Слободата на медиумите е еден од темелите на развиените демократии, а новинарите се важни чувари кои обезбедуваат владите да одговараат одговорно на потребите на граѓаните. За жал, во медиумскиот сектор во Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Србија не секогаш медиумските работници се безбедни.

Конференцијата беше организирана од Free Press Unlimited и Холандскиот Хелсиншки и Здружението на новинари на Македонија. Амбасадорката на Кралството Холандија во Северна Македонија, Н.Е. Озлем Канел, одржа воведен говор, заедно со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ, а на настанот се обрати и Илир Исени, вршител на должност директор на Академијата за судии и јавни обвинители на Северна Македонија.

Оваа регионална конференција беше последна од трите, другите се одржаа во декември 2023 година во Босна и Херцеговина и во октомври 2022 година во Србија, и претставуваше заклучок на четири години посветена работа во рамките на проектот „Зајакнување на слободата на медиумите во Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Србија“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Холандија.

Оваа иницијатива е финансирана од Министерството за надворешни работи на Холандија. Како што истакна Хенк ван ден Дол, амбасадор на Холандија во Босна и Херцеговина, „владеењето на правото не може да постои без доверба во судството, а новинарите се суштински за градење на таа доверба“. За да ги постигнеме нашите цели, Холандскиот Хелсиншки комитет и Free Press Unlimited работат заедно со неколку холандски институционални експерти во оваа област, како што се Центарот за обука и студии за судството (Studiecentrum Rechtspleging) и Холандското здружение на новинари (Nederlandse Vereniging van Journalisten).

Тетово под вода - се испумпува вода од домовите

Невреме со силни врнежи од дожд, град и грмотевици попладнево ја зафати Општина  Тетово и околината.

Врнежите предизвикаа поплавување на дел од улиците, посебно кај касарната на влезот на Тетово и на неколку куќи во Мала Речица-Општина Тетово. Во улицата спроти касарната поплавени се  гаражи, дворови а сопствениците поставуваат соодвртни бариери за  заштита од водата да не навлезе во домовите. Поради поплавените улици отежнато се одвива и сообраќајот во овој дел од градот.  ТППЕ-Тетово, ЈКП-Тетово и одговорни лица во Општина Тетово веќе интервенираат  со соодветна механизација- багери, но исто така веќе и  ТППЕ-Тетово е на  терен и врши испумпување на водата од поплавените објекти.

Почина македонскиот велемајстор во шах Борче Илиевски

Вчера на 89 годишна возраст во Битола почина Борче Илиевски, шахист велемајстор, член на ШХ “Стевче Патако“ од Битола , битолчанецот кој во август 1967 година му ремизираше на Боби Фишер, светска шаховска легенда.

Борче Илиевски е роден во 1935 година во битолското село Ѓавато, настапувал за шаховскиот клуб “Стево Патако“ од Битола.

Илиевски започнува да игра шах 11-годишна возраст, кога започнува да ги влече првите потези на шаховската табла, на еден пионерски камп во потпелистерското село Цапари. На свои 16 години, во далечната 1951 година го има својот прв настап на младинското првенство на Македонија. Настапувал за битолската шаховска екипа “Стево Патако“, со кој три пати биле републички прваци и 4 пат го освојуваваме шаховскиот куп. Во 1967 година кога битолскиот шах го живееше своите звездени моменти бил републички првак со 12,5 поени од вкупно 15 поени.

Борче Илиевски пред неколку години во Битола, на плоштадот “Магнолија“ заедно со својот помал брат Димче пред битолчани ја презентираа партијата на Борче со Боби Фишер која што се одиграла во 1967 година на турнирот “Средба на солидарноста“ што се одржал во Скопје, а партијата завршила со реми. Ремито со Фишер било на првите страници на сите весници во тогашна Југославија, а не останало назабележано и во светските специјализирани весници за шах.

Погребот на Борче Илиевски беше извршен денес.

Од леб до овошје: Објавена есенската кошница

Ориз, брашно, тестенини, масло, млеко, јогурт, млечни производи, зеленчук, овошје,  се на листата со 73 три производи во таканаречената есенска потрошувачка кошница. За нив бруто профитната маржа ќе биде ограничена на 10 проценти во трговијата на големо и мало,  а маркетите ќе бидат обележани со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе“, одлучи денеска Владата, на предлог на Министерството за економија и труд. 

Одлуката на Владата за ограничување на бруто профитната маржа на дел од основните прехранбени производи  ќе стапи во сила наредниот ден по објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе се применува до 31 октомври годинава.

Ресорниот министер  Бесар Дурмиши на прес-конференција рече дека  со стапување во сила на оваа одлука се очекува трошоците за храна и безалкохолни пијалоци да се намалат во просек за околу 10 проценти.

Дурмиши соопшти дека ваквата одлука е донесена врз основа на податоците од Државниот завод за статистика, за индекс на трошоци за живот, кои покажуваат дека споредено август 2024 година, со декември 2023 година, евидентирано е зголемување на трошоците за храна за 4 проценти, од кои најголемо зголемување има кај овошјето од 10,9 проценти, кај млекото, сирењето и јајцата од 6,6 проценти, кај зеленчукот од 3,9 проценти, кај месото од 3,6 проценти, и  кај лебот и жита од 2 проценти. За истиот период, трошоците за безалкохолни пијалоци се зголемени за 9,4 проценти, од кои кај минерлната вода, безалкохолните пијалоци, соковите од овошје и зеленчук зголемувањето е од 11,1 процент, додека кај кафе, чај и какао зголемувањето е од 7,7 проценти.

-Согласно податоците, во консултација со работната група која беше формирана од претставници од министерствата за економија и труд,  за финансии и за земјоделство, сметаме дека ваквото зголемување на трошоците за храна и безалкохолни пијалоци е прекумерно и несразмерно во однос на растот на трошоците за набавка и оперативните трошоци кои трговците ги имаат. Нашите проценки се дека со стапување во сила на оваа одлука трошоците за храна и безалкохолни пијалоци ќе се намалат во просек за околу 10 проценти, со што ќе се намалат и трошоците за живот во потрошувачката кошница за групата храна и пијалоци,  рече министерот Дурмиши.

Според Одлуката, трговците за производите кои се вклучени во есенската кошница и се поставени на полиците, фрижидерите и разладните уреди, треба јасно да ги обележат со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе„ кој е објавен на веб -  страницата на Министерството за економија и труд. 

Исто така, посочи Дурмиши, трговците на големо и трговците на мало ќе имаат обврска  да  ги прибавуваат и продаваат во месечни количини од најмалку 70 проценти од прибавените количини во август годинава од овие производи на листата.

Мерката есенска потрошувачка кошница во наредниот период ќе се применува како божиќна кошница, рамазанска кошница, велигденска кошница со ограничено време на траење пред и за време на празниците кога вообичаено се зголемуваат цените на основните прехранбени производи, со цел да се заштити стандардот на граѓаните.

Во листата на производи спаѓаат: 

- ориз бел во пакување од 900г до 1кг;

-брашно пченично, тип 400 во пакување од 1кг до 2кг;

-бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450г (цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во маркетите;

-печени пекарски производи (ѓеврек обичен, бурек со месо и сирење, баничка со месо и сирење, симит погача и лисната кифла, обична и со сирење);

-бисквити, "Petit Beure" и бисквити обични од 300гр до 500 гр;

-тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица без и со јајца од 500 гр (без додатоци).;

-масло за јадење од сончоглед, во пакување од 1 литар;

-месо, јунешко, без коски, од бут или некој друг дел;

-месо, свинско, без коски, од бут или некој друг дел;

-пиле (свежо и замрзнато) цело;

-пилешки стек (свеж и замрзнат);

-салама, шункова во пакување од 300гр до 800гр (без слајс пакување);

-чаен колбас, од свинско месо (без додатоци и без слајс пакување);

-чаен колбас, од говедско месо (без додатоци и без слајс пакување);

-пилешка посебна саламa во пакување од 300гр до 800гр  (без слајс пакување);

-паштета од џигер или пилешка (кокошја), (без додатоци) во пакување од 95гр и 100 гр.;

-замрзната риба  Ослиќ;

-трајно кравјо млеко (освен органско млеко и млеко со додатоци) со масленост 2,8 проценти, 3,2 проценти и 3,5 проценти во пакување од 1 литар;

-јогурт од кравјо млеко обичен, без додатоци, со масленост од 2,8 проценти до 3,2 проценти  во пакување од 1 литар;

-кисело кравјо млеко (обично без додатоци) со масленост од 2,8 проценти и 3,2  порценти во пакување од 400гр до 500 гр;

-павлака од кравјо млеко, кисела со масленост од  од 12 проценти до 20 порценти во пакување од 180гр до 400 гр;

-урда;

-традиционално кравјо бело сирење (без додатоци);

-традиционално мешано бело сирење (без додатоци);

-традиционален кравји кашкавал (без додатоци);

-традиционален мешан кашкавал (без додатоци);

-свежи јајца од кокошка, пакување 1/10;

-масло ,(путер), индустриски произведен (пакување од 250 гр.);

-маргарин, (обичен), пакуван од 250 гр;

-јаболка;

-праски;

-грозје трпезно;

-лимони;

-портокали;

-банани;

-исчистени ореви;

-грав;

-кромид;

-компир;

-морков;

-спанаќ;

-зелка;

-краставици;

-корнишони;

-лук;

-тиквици;

-боранија;

-домат;

-пиперки;

-карфиол;

-тиква;

-модар патлиџан;

-леќа;

-магдонос;

-брокула;

-праз;

-зеленчук замрзнат (мешавина) во фолија од 450 гр;

-зеленчук замрзнат од  пченка, во фолија од 450 гр;

-зеленчук замрзнат од грашок, во фолија од 450 гр;

-боранија замрзната, во фолија од 450 гр;

-маслинки, црни;

-грашок конзервиран во пакување од 400гр;

-ајвар од печени пиперки, тегла до 660 гр;

-краставички, конзервирани, тегла до 720 гр;

-печурки маринирани (сецкани), тегла до 720 гр;

-шеќер кристал бел;

-џем и мармалад;

-чоколадо млечно обично, во пакување од 100 гр;

-кечап;

-мајонез во тегла од 660 гр;

-зачин (вегета, зачинал и слично);

-кафе пржено мелено пакувано од 200гр;

-сок кашест (матен) овошен од разно овошје во тетрапак од 1 литар.

Популарно